65 коментари 4 мин. читање

Што е ALIEN TXTBASE – најновото истекување на хакирани податоци во кое се споменува и IT.mk

Во последните денови, заедницата за сајбер безбедност сведочи на уште едно огромно истекување на податоци, наречено ALIEN TXTBASE, кое неодамна беше додадено во листата на податоци кои ги содржи сајтот Have I Been Pwned (HIBP) – сајт на кој бесплатно може да проверите дали вашиот мејл е хакиран и во кои хакови и истекувања се наоаѓаат вашите податоци.

Што содржи ALIEN TXTBASE?

ALIEN TXTBASE наводно содржи над 23 милијарди записи и беше споделен на Телеграм канал, а збирката од податоци од експертите се опишува како збирка на т.н. stealer logs, односно украдени податоци од уреди заразени со малициозен софтвер. Листата е објавена во текот на февруари 2025-та година, а според HIBP во неа има 23 милијарди записи во кои може да се пребројат 284 милиони уникатни е-мејл адреси, заедно со веб сајтовите каде што биле внесени мејловите и користени лозинките.

Што се stealer logs?

Stealer logs (македонски: датотека на украдени податоци) е индустриското име за бази на податоци што содржат украдени податоци, генерално добиени преку малициозен софтвер кој бил инсталиран на системите на жртвите. Овие малициозни програми тајно работат на заразени уреди и собираат чувствителни информации како:

  • Кориснички имиња и лозинки,
  • Е-мејл адреси,
  • Кредитни картички и други финансики податоци,
  • Автоматски зачувани податоци од прелистувачи (лозинки, колачиња, сесии…)
  • Крипто паричници
  • Идентификувачки информации за системот (IP, MAC, IMEI, итн…)

Откако хакерите ќе соберат доволно податоци од жртвите, ги пакуваат во т.н. stealer logs кои најчесто се продаваат или споделуваат на Dark web, хакерски форуми или, како во случајот со ALIEN TXTBASE, преку Телеграм канали. Овие записи понатаму може да се се искористат за различни напади, како фишинг, кражба на идентитет или неовластен пристап до сметки. Употребливата вредност на овие податоци е оставена на имагинацијата на хакерите, кои по природа се прилично имагинативни личности…

Дали податоците во ALIEN TXTBASE се навистина толку страшни?

Во неодамнешната анализа на добро познатата италијанска лабораторија за анализа на сајбер безбедносни ризици D3Lab за ALIEN TXTBASE, се откриваат чудни несогласувања во автентичноста на објавените записи. Иако се тврди дека содржат над 23 милијарди украдени податоци, истражувањето покажува дека многу од е-мејл адресите се генерирани или преземени од претходни пробивања, а дел од податоците се со неправилна структура.

Дел од анализата на D3Lab (линк)

Анализата на D3Lab всушност констатира дека ALIEN TXTBASE е неорганизирана збирка од повеќе претходни листи на хакирани податоци, заедно со измислени и други неструктурирани податоци. Секако, ова не треба да го занемари фактот дека во оваа збирка има реални хакирани профили – меѓутоа, од D3Lab исто така напоменуваат дека ако некоја е-мајл адреса се најде на листата (појавена при проверка во HIBP), не значи дека и лозинките поврзани со тој мејл се достапни.

Зошто во базата има голем број македонски сајтови, меѓу кои и IT.mk?

За оваа протечена хакерска збирка објави и Божидар Спировски, експерт за сајбер безбедност кој во последно време прилично активно на своите социјални профили објавува за сајбер предизвиците со кои се соочуваат македонските интернет корисници, пропратено со добри совети за како да постапат во дадените ситуации.

Print screen на дел од објавата на Божидар на LinkedIn (линк)

Неговата објава беше пропратена и со листа на македонски сајтови кои се споменуваат во ALIENT TXTBASE повеќе од еднаш, а на истата ќе го забележите и IT.mk:

Нашата редакција доби информации и за поопшрина листа на македонски домени кои се наоѓаат во ALIEN TXTBASE:

Откако забележавме дека и IT.mk, forum.it.mk и IT.com.mk се наоѓаат на листата отпочнавме проверка на хакираните податоци. Нашите интерни проверки укажаа на тоа дека во базата на ALIEN TXTBASE има хакирани податоци само на одреден број корисници регистрирани на IT.mk, а не и на сите 40.000+ регистрирани профили. Ова го потврдува фактот дека протечените податоци не се од базата на IT.mk, туку дека станува збор за одреден број на корисници кои на некој начин биле експонирани на малициозен софтвер кој ги собрал нивните податоци, меѓу кои и нивните кориснички имиња на IT.mk, вклучително и forum.it.mk.

Појавувањето на it.com.mk како домен, кој не го користиме за хостирање повеќе од 5 години, исто така го потврдува фактот дека во листата има и стари протечени податоци.

Барање за промена на лозинка и воведување на 2FA

Ситуацијава ја искористивме за воведување на дво-факторска автентикација на IT.mk – задолжителна за сите профили на корисници освен за B2C членовите – за кои во одреден период оваа функционалност ќе биде опционална, односно самите корисници ќе одлучат дали ќе си воведат 2FA на својот профил или не. Во блиска иднина, планираме да ја поставиме 2FA автентикација како задолжителна и за профилот на членови, па затоа ги советуваме сите веќе регистрирани членови во Мојата сметка > 2FA да ја активираат дво-степената автентикација.

Дополнително на воведување на оваа безбедносна мерка, ќе испратиме и барање за задолжителна промена на лозинка на сите постоечки членови. На оваа тема, сите регистрирани корисници ќе добијат дополнителни инструкции на мејл во текот на следниве денови.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Forum replies (65)Kоментари на статија (0)

Се вчитуваат нови одговори…

Nem_Akata

Баниран/a

264 пораки 371 лајк

Ех, секој пат кога се логирам ми кажува дека лозинката ми е негде на некоја листа... со години, и ме мрзи да ја сменам. Поради истата причина што искочила више негде.

Ќе преживееме, то е.

2FA, ама и passkeys не е лоша работа.

одговори Лајк

click to expand...
spiritBreaker

LaravelMaster

3,837 пораки 4,977 лајк

од старт не работи како што треба, преку google authenticator и несака воопшто. скриншот:

1740735883042.png

одговори Лајк

mihovkris

poweruser

4,796 пораки 4,511 лајк

Не можам QR кодот да го скенирам за жива глава, а тој големиот не ми се пишува.
Ама сигурно на некој нема да му е дојдено да се логира на ит форум :D

одговори 1 Like

Daniel86

poweruser

4,324 пораки 11,883 лајк

Screenshot_1.jpg

Со Google Authenticator си помина од прва.

одговори 1 Like

spiritBreaker

LaravelMaster

3,837 пораки 4,977 лајк

Погледнете го атачментот 147486

Со Google Authenticator си помина од прва.

кликнал некој на синхронизација на време на сервер, сега помина добро и кај мене :)

одговори 1 Like

coNNectMKD

user

1,308 пораки 1,546 лајк

Не сум некој експерт на оваа тема али во мојов случај, пошто глеам 2 меила кој се ставени само овие 2/3 месеци, 100% сум сигурен дека се од крипто поврзани страни.

Blockchain, GateIo, Solflare, Moonpay. Имав пишано и во другана тема дека после регистрација кај овие, одма добив позиви на Вибер за „верификација на мојата сметка“.

Негде кај овие има очигледен леак.

одговори Лајк

FiC DoGG

user

1,042 пораки 1,100 лајк

Не сум некој експерт на оваа тема али во мојов случај, пошто глеам 2 меила кој се ставени само овие 2/3 месеци, 100% сум сигурен дека се од крипто поврзани страни.

Blockchain, GateIo, Solflare, Moonpay. Имав пишано и во другана тема дека после регистрација кај овие, одма добив позиви на Вибер за „верификација на мојата сметка“.

Негде кај овие има очигледен леак.

Не е leak, it's a feature ;)

одговори 1 Like

Taurus

Модератор

2,613 пораки 1,564 лајк

Тука за проверка Have I Been Pwned: Check if your email has been compromised in a data breach

Проверката за мене кажува дека не ми бил хакиран компјутерот, туку само сајтови каде што сум го користел тој мејл.

одговори Лајк

coNNectMKD

user

1,308 пораки 1,546 лајк

Тука за проверка Have I Been Pwned: Check if your email has been compromised in a data breach

Проверката за мене кажува дека не ми бил хакиран компјутерот, туку само сајтови каде што сум го користел тој мејл.

:rolleyes:
Screenshot_2.png

одговори Лајк

C
Chiller

user

1,566 пораки 1,173 лајк

Тука за проверка Have I Been Pwned: Check if your email has been compromised in a data breach

Проверката за мене кажува дека не ми бил хакиран компјутерот, туку само сајтови каде што сум го користел тој мејл.

Не ти е баш мала листата, и јас имав слична ситуација имаше опција да ме избришат од сите датабази, сега немам никаде вакви логови.

одговори Лајк

Taurus

Модератор

2,613 пораки 1,564 лајк

@Chiller па за мејл што го користам преку 20 години, ништо страшно... акаунти каде што има можност или што правам плаќања, секогаш користам 2FA, дополнителни заштити... картички за плаќање секогаш ми се со лимит на 0 денари, при плаќање го кревам и одма го враќам на 0... исто лимит за пос терминали, банкомат...

П.С. како бришење од датабази? Хакнат сајт, твојот мејл/пасс споделен... на продажба на некој црн пазар... купен од незнам колку луѓе, складиран на нивните компјутери.... единствено што можеш да побараш да те избришат е од базата на сајт ко haveibeenpwned... проблемот си стои, само што ти потоа не го гледаш...

одговори Лајк

C
Chiller

user

1,566 пораки 1,173 лајк

@Chiller па за мејл што го користам преку 20 години, ништо страшно... акаунти каде што има можност или што правам плаќања, секогаш користам 2FA, дополнителни заштити... картички за плаќање секогаш ми се со лимит на 0 денари, при плаќање го кревам и одма го враќам на 0... исто лимит за пос терминали, банкомат...

П.С. како бришење од датабази? Хакнат сајт, твојот мејл/пасс споделен... на продажба на некој црн пазар... купен од незнам колку луѓе, складиран на нивните компјутери.... единствено што можеш да побараш да те избришат е од базата на сајт ко haveibeenpwned... проблемот си стои, само што ти потоа не го гледаш...

Има опција да се избрише од бази, го правев пред 5-6 години тоа.
Сека спам пораки добивам 2-3 во 6 месеци.
Инаку и мене гмаил акаунтот ми е од 2003 кога идеше со инвајт.
Ама скоро и да немам спам/фишинг пораки како пред да се избришам од тие бази.
Нормано сменти пасворди секаде.

одговори Лајк

G4M3R

user

1,087 пораки 1,389 лајк

Не можам QR кодот да го скенирам за жива глава, а тој големиот не ми се пишува.
Ама сигурно на некој нема да му е дојдено да се логира на ит форум :D

Исто и со Authy не функционира QR скенот. Најверојатно има некој проблем штом со различни автентикатори не сака да проработи.

одговори Лајк

Fatal1ty_

Großmeister

23,803 пораки 33,943 лајк

Ќе ви стигне на емаил барање за промена на лозинката, пожелно е да ја промените за да си бидете сигурни.

Благодарам.

одговори Лајк

filipvselena

poweruser

2,934 пораки 193 лајк

Од кога за ажурирање на лозинка е потребно да се внесе име и презиме за профилот? Морам да признаам не ги следам редовно измените на правилата на ова ме замисли. Исто дали постои можност да се побара деактивација на профилот тука? Не го гледам како опција

одговори Лајк

Comments are closed.

Мени
Заедница
Изглед
To top