0 коментари 2 мин. читање 22 јули, 2023

IT.мк со Gaming Curator група на Steam

Steam Curators e програма која дозволува на индивидуалци и организации да даваат препораки за игри, со цел да се помогне на корисниците да се откријат интересни игри, како и да се направи заедница од гејмери кои ќе можат да ги споделуваат своите мислења од една појдовна точка.

Од неодамна, може да се пофалиме со IT.mk Steam Curator група. Доколку си страствен гејмер и сакаш да ги следиш нашите рецензии имплементирани директно преку Steam, бујрум на следниот линк и кликни го копчето за приклучување во групата! Потоа, провери ја Curator групата и дефинитивно заследи не и од тука!

За секоја значајна пресвртница, односно по добивање одредена бројка од членови, ќе организираме giveaway и ќе наградиме некои членови со забавни игри! На располагање имаме одлични алатки за дружење: од организирање настани, преку споделување објави, па се до водење гејминг дискусии.

Зошто да се приклучите на IT.mk Steam Curator Group?

  • Инстантен увид за сите наши препораки на игри директно на Steam,
  • Пристап до корисни листи и предлози за игри кои би требало да ги погледнете (или заобиколите),
  • Можности за дружење и интеракција со гејминг заедницата,
  • Настани и наградни игри.

Се надеваме дека ќе ни се приклучиш и на Steam! Не заборавај да не заследиш и преку Curator!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top