Yield! Fall of Rome: нова игра и распродажба од Daedalic Entertainment

во гејминг

Зошто да ја играте?

  •  Фанови сте на Civilization и сакате да навлезете во поедноставна и поразлична алтернатива
  •  Интересно толкување на настаните поврзани со падот на Римското Царство
  •  Забавни механики за тактичко планирање

Daedalic Entertainment е познат издавач на компјутерски игри. Добри 17 години, оваа германско студио ги поддржува инди-развивачите, нудејќи разновидни уникатни наслови од жанрови како стратегија, ко-оп и релаксирачки наративни остварувања. Нивната најнова стратегија, Yield! Fall of Rome, излезе пред некој ден во раниот пристап на Steam. Yield! Fall of Rome ве враќа во бурниот период на 401 година од нашата ера, кога Римското Царство е на работ на пропаст. Со брзи стратешки механики и тактички комбинации, играта ветува солидна 4X стратешка забава.

Падот на царството

Дали ќе ги прифатите римските обичаи или ќе ги задржите традиционалните начини на вашата фракција? За да успеете да го одговорите оваа прашање, ќе имате на располагање осум различни фракции. Секоја од фракциите се одликува со свои уникатни единици, градби, предности и, секако, слабости.

Карактеристично за 4X стратегиите, Yield! Fall of Rome ви дозволува целосно да се впуштите во истражување, ширење, експлоатирање, како и уништување. Некарактеристично за 4Х стратегиите, Yield! става акцент на тактичката игра, обезбедувајќи брзи и динамични кампањи каде директно се гледа резултатот на вашите направени порези. Поради тоа, ќе треба да донесувате брзи одлуки за трговија, освојување и дипломатија, секогаш имајќи ги предвид останатите фракции и се присутното Римско Царство.

Иако се работи за игра во раниот пристап на Steam, Yield! Fall of Rome веќе нуди солидна избедба на бројните модови, дозволувајќи ви да се впуштите во кампањи за една игра, да се натпреварувате со други играчи во стандарден мултиплеер режим или преку облак (при што на играчите им се дава до 24 часа за да го направат својот потег).

Играта ќе биде дел од раниот пристап на Steam од 12 до 18 месеци, што е повеќе од доволно време за да се воведат дополнителни содржини и да се понуди поизбалансирано искуство.

Евтина забава

Со своите разновидни фракции, предизвикувачки кампањи и различни начини на игра, Yield! Fall of Rome значително го размрдува жанрот со 4Х стратегии. Во случај да сте љубители на историјата, но и фанови на интересни стратешки тактики и механики, никако не би требало да го заобиколите чедото на развојното студио Billionworlds.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Billionworlds
  • Издава: Daedalic Entertainment
  • Жанр: стратегија
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на:  20 јануари 2025

Голема распродажна на Daedalic Entertainment!

Со излегувањето на Yield! Fall of Rome, Daedalic ја започна нивната распродажба на игри. Со попусти до 90%, распродажбата ќе трае до 3 февруари, нудејќи бројни можности да се почестите со некој од следниве попусти:

IT.MK прегледи на Dadalic игри кои се на распродажба.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk