Ран преглед: Hidden Deep e ремек дело на само еден девелопер

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Неделава, ја добивме на тестирање амбициозната инди игра на Cogwheel Software – полско „студио“ зад кое стои само еден девелопер. Иако имавме слушнато интересни работи за Hidden Deep, предрасудата за игра изработена од само еден човек си го направи своето и некако не очекувавме многу. Овој sci-fi трилер инспириран од хорор филмовите од осумдесетите години произлезе дека е феноменален наслов кој може да стои раме-до-раме со игри направени од цели студиа.

Hidden Deep ве втурнува во клаустофобична станица каде демнеаат најразлични суштества. Покрај одредени оружја, имате на располагање бројна опрема и алатки за поефикасно истражување на мрачните провајлии. Играта ја почнувате земајќи два главни елементи во предвид: истражување и битки.

Длабочините се полни со физички предизвици и пречки. Потребно е да внимавате како се движите затоа што еден погрешен потег или проценка ве дели од смртта. Уште на самиот старт, ќе добиете алатка со која ќе можете да исфлувате копје со јаже, нешто што е исклучително корисно за качување, односно спуштање, како и нишање од една до друга точка. Земјата под која се наоѓате можете да ја анализирате, да проверите дали има блиски процепи и да дојдете до нив со подметнување и активирање експлозиви. Паралелно со ова, може да испраќате сонди кои се движат низ процепите и проверуваат дали ве чека некое непријатно изненадување, а подоцна ќе можете да управувате и со тешка машинерија. Многу внимателно, меѓутоа…

Вториот дел се битките. Во Hidden Deep има најралични суштества, со уникатни начини на движење и непредвидливи напади. Првин имате на располагање само пиштол, но подоцна отклучувате значително помоќни огнени оружја. Но, и борбата со муницијата е реална и потребно е нејзино економично користење.

Што и да правите во Hidden Deep, елементот на изненадување е застрашувачки и никогаш не знаете што ќе појде наопаку. За Hidden Deep, најчистата форма на хоророт е токму ова – незнаење што ќе се случи и каква цена ќе треба да платите доколку го направите следниот чекор. Чисто за пример, додека пукате и се оддалечувате од едно суштество, друго може молневито брзо да излезе од дупка и да ве зграпчи. Нема простор за корекција, не можете ништо да направите затоа што искодот веќе е одлучен за вас.

Авторот ја опишува Hidden Deep како игра која е директно инспирирана од Aliens, The Thing from Another World и првата Half-Life, но некако заборава да ја спомене Dark Souls затоа што ако нешто често правите тука, тоа е умирање, одново и одново. Секој пат кога ќе умрете, ќе можете да го продолжите напредокот со друго човече, имајќи во предвид дека и ова е ограничено и не можете да ги постојано тестирате водите со брзоплето умирање.  

Иако играта е во ран пристап, Hidden Deep е исклучително стабилна, а кампањата нуди повеќе од 20 часа гејмплеј. Во случај да ви е страв да ја искусите играта сами, имате на располагање и ко-оп режим. Интересно е тоа што играта нуди една димензија кога играте сами, но сосема друга кога ќе решите да го поделите стравот со уште едно лице. Независно како ќе решите да играте, забавата е загарантирана.

Hidden Deep ќе биде во ран пристап најмалку половина година. Ние бевме крајно импресионирани од она што го видовме, а се чини дека тоа е случајот и со поголемиот број гејмери на Steam. Имено, за неполни два дена, играта веќе има 75% позитивни рецензии. Во случај да барате и вие хорор/ sci-fi игри со огромен акцент на предизвик и атмосфера, суптилно потпомогната од интригантна приказна, тогаш Hidden Deep е дестинација која не би требало да ја заобиколите!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments