Уште едно попладне пред нас, а, со тоа уште една одлука која треба да ја донесете во поглед на вашите гејмерски навики. Во случај да сте расположени за малку (повеќе) плашење или пак целосно „потопување“ во магичниот свет поврзан со учење јазици, ова се две игри кои би можеле да ги проверите:
- Shift 87 – психолошки хорор во стилот на препознатливите Walking Simulator-и
- Terra Alia: The Language Discovery RPG – образовна игра со впечатливи RPG елементи
- Retro Revengers – акционен платформер кој излезе за PlayStation 4/5 и Nintendo Switch
Shift 87
Од една страна, штотуку излезената Shift 87 бара од играчот да „прошетате“ низ мистериозни места и да набљудувате и регистрирате суптилни аномалии и вознемирувачки појави. За време на бројните ранови, на располагање имате 66 аномалии кое се провлекуваат низ 3 впечатливи локации. Откако ќе забележите нешто сомнително, ќе бидет потребно да ја искористите специјалната алатка за да ја пријавите аномалијата. Но, не внимавате и не ја верно пријавите аномалијата, нема да можете успешно да ја завршите секвенцата. Со оглед дека нема да можете се да регистирате соодветно, вашата смена може да се развлече, а со тоа и да се зголемат нивоата на адреналин, норадреналин или кортизол, нешто што, верувајте, не сакате да дозволите да се случи.
Shift 87 e кратка игра и низ поголемиот дел од играта би поминале за максимум од три часа, но не би требало да ја прескокнете доколку сте фанови на:
- Поразлични Walking Simulator-и
- Интересни психолошки ефекти кои го казнуваат вашето невнимание
- Невообичаени алатки и систем за поднесување извештаи
- Солидна графика
- Суптилна, но вознемирувачка хорор атмосфера
Повеќе детали за играта
- Произведува: Pixelsplit
- Издава: Daedalic Entertainment
- Жанр: истражување, платформер
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезе на: 23 јули 2024
Terra Alia: The Language Discovery RPG
Од друга страна, Terra Alia: The Language Discovery RPG e игра која можевте да ја играте на Steam уште од 2021 година. Но, причината поради која ја споменуваме токму сега е излегувањето на VR врзијата на играта и попустот од 50%.
Како стимпанк RPG игра, Terra Alia: The Language Discovery RPG ви дозволува да создавате магии преку користење напреден систем од 10 јазици. Играта се одликува со бројни надополнувања и во VR верзијата ќе најдете:
- три нови локации
- мултиплеер режим со до четири играчи
- нови магии со кои дополнително ќе експериментирате во решавањето предизвици
- нови непријатели и загатки
- подобрен гејмплеј и графика
- подобрено препознавање на гласот
- исправка на бројни багови
Како што напоменавме, Terra Alia: The Language Discovery RPG е достапна и на Switch и на Steam, доколку немате VR направа.
Повеќе детали за играта
- Произведува: 30 Parallel
- Издава: 30 Parallel, LanguageNation
- Жанр: образовна авантура
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезе на: 24 јули 2024
Retro Revengers
Како за крај, доколку не се пронајдовте со претходните две игри, поминете го жешкото поладне со малиот, но крајно симпатичен акционен платформер Retro Revengers! Се работи за ретро инспирирана игра со впечатливи комични примеси и бројни можности за шаренолико и забавно искуство.
За пофалба е невообичаената музичка подлога која е создадена од познатиот Манами Матсумае – композиторот кој стои зад игрите како Mega Man и Shovel Knight. Играјќи со еден од пет уникатни ликови, ќе можeте да скокате и да удирате бројни непријатели и босови, како и да избегнувате најразлични замки. Играта ја препорачуваме доколку сакате:
- Уникатни ликови и предизвикувачка околина
- Огромна вредност на преигрување
- Ретро-инспирирана забава со три нивоа на тежина и бројни режими на резолуција, како и CRT филтри
- Одлична музика од талентираниот Манами Матсумае
Retro Revengers е достапна на Steam скоро цела година, но неодамна излезе за PlayStation 4/5 и Nintendo Switch!
Повеќе детали за играта
- Произведува: Happymeal, Undercoders
- Издава: Shinyuden
- Жанр: истражување, платформер
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезе на: 24 август 2023