Inkulinati e невообичаена игра со уникатен визуелен стил и механики

Inkulinati е една од поуникатните стратегии што имавме можност да ги провериме. Од полското развојно студио Yaza Games ни доаѓа средновековна стратегија со запазување редови каде „цртате“армии и ги испраќате на листови и листови од освојувачки патешествија.

во Inkulinati, на располагање имате над 50 единици. Секоја од единиците има специјални способности кои ќе биде потребно да ги откриете преку добра доза од експериментирање. Благодарение на ова, наидовме на зајаци кои користат мечови, магаренца кои се, всушност, бардови, или мачиња кои се епископи. Паралелно со ова, ќе можете и да собирате најразлични способности кои отклучуваат скриени моќи.

Не дозволувајте симпатичниот, шаренолик стил да ве излаже. Inkulinati е исклучителна предизвикувачка игра.

Предизвиците доаѓаат во најразлични форми. Во една ситуација ќе биде потребно да ги елиминирате сите непријатели, во друга само да го поттиснете лидерот на непријателите надвор од страницата на која се исцртани овие работи. Во трета, предизвикот би можело да биде правилно справување со апокалиптични настани, или пак решавање одредени загатки.

На овие и многу други предизвици ќе наидете во кампањата за еден играч, но доколку барате вистински предизвик, огромен потенцијал има Duel Mode. Преку овој ко-оп (local hotset) режим ќе може да си ги одмерите силите против вашите пријатели од удобноста на вашиот кауч. Во овој дел, играта навистина сјае и нуди секогаш непредвидлива забава полна со стратешки можности. А и одлична е за меѓусебно дружење и реванширање на вашиот пријател.

Оваа необичаена стратегија сеуште е во раниот пристап на Steam. Низ месеците, студиото работеше на солидно разработување на клучните механики, како и вметнување дополнителни содржини, посодржителен мултиплеер, и нови суштества, бојни полиња, способности и слични работи.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Yaza Games
  • ИздаваDaedalic Entertainment
  • Жанр: Стратегија
  • Платформа: PC
  • Излезена на: 31 јануари 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments