Секојдневно излегуваат најразлични игри кои припаѓаат на бројни жанрови. Денеска, би сакале да ви го насочиме вниманието кон постапокалиптична игра во која се симулира градење и управување со колонии. Веднаш по неа, ви стои на располагање забавно демо поврзано со најновата дводимензионална хорор игра на Vixa Games!
Endzone 2 е драстичен продолжеток на играта од 2021 година
Endzone – A World Apart е игра која почна лабаво, но успеја да ги освои срцата на играчите некаде при крајот на 1.0 верзијата. Искрено се надеваме дека така ќе биде и со продолжетокот кој за жал моментно стои на стаклени нозе и има само 68% позитивни рецензии.
На самиот почеток од раниот пристап
Endzone 2 е постапокалиптична симулација во која можете да градите и да управувате со најразлични колонии. По завршување на корисниот, но, за жал, здодевен и неинспиративен туторијал, инстантно ќе забележите дека и втората игра ги наследува истите главоболки од оригиналот, оставајќи впечаток дека малку се научило од претходното искуство.
Во Endzone 2, почнувате со едно возило. Преку оваа возило ја поставувате базата, а потоа и други шатори и објекти кои специјализираат во собирање одредени ресурси. Паралелно со ова, имате и дрво со технологии кои се истражуваат со помош на експедиции. Во двојката, експедициите се значително поразлични. Иако се замислени да бидат подинамични, нам не ни беше премногу интересно да пуштаме едно лице да си се вози низ мапата до претходно-дефинирани локации, за да потоа навлезете во здодевно ловење пиксели и барање серија од предмети.
Од друга стана, забележавме подобро автоматско пронаоѓање на патот и движење низ мапата, а и ни се допадна уникатно-дизајнирани структури. И покрај ова, сепак се работи за игра со крајно едноставни концепти, и за брзо време или ќе правите едни исти работи или ќе чекате да се појават дополнителни механики и елементи, надевајќи се дека ќе се значително поинтересни од она што моментно го има на понуда.
Добрата работа за Endzone 2 e тоа што оди по ист пат како и првата Endzone. A, првата Endzonе успеа да се извлече од кризата на идентитетот и, на крај, понуди задоволително искуство. Endzone 2 ќе биде во раниот пристап на Steam цела година. Искрено се надеваме дека авторите ќе го искористат долгиот период за да вметнат позабавни елементи и механики кои ќе допринесат играта да се истакне од морето слични симулации. Вака како што стојат работите, играта само изгледа убаво, но не нуди премногу забавни работи.
Повеќе детали за платформата
- Произведува: Gentlymad Studios
- Издава: Assemble Entertainment
- Жанр: симулација
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезе на: 26 август 2024
Edge of Sanity ќе излезе на 13 септември, но веќе има забавно демо
Во случај да сакате дводимензионални хорор игри со survival механики, тогаш ви препорачуваме да го проверите демото за Edge of Sanity. Меѓусебната соработка на Vixa Games и Daedalic Entertainment вродува уникатно ктулу-инспирирано хорор искуство сместено во најсвирепите краеви на Алјаска.
Чистата форма на лудилото
Демото за Edge of Sanity е сосема доволно за да ви покаже дали сте доволно храбри за да излезете во пресрет на бројните ужаси кои ви се закануваат од сите правци. Ќе можете да истражувате најразлични места, да барате други лица кои, како и вас, успејале да ги преживеаат опкружувачките хорори.
Таквото нешто нема да е лесно затоа што имате ограничени намирници, а и мора да внимавате на менталното здравје. Покрај тоа што ќе можете да ги испраќате членовите на различни експедиции, ќе навлегувате и во најразлични битки и ќе користите креативни замки против најразлични монструозни чудовишта.
Демото е достапно за сите заинтересирани, а целата игра ќе излезе на 13 септември, за PC и конзолите.
Повеќе детали за платформата
- Произведува: Vixa Games
- Издава: Daedalic Entertainment
- Жанр: хорор
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Ќе излезе на: 13 септември 2024