New Cycle е реалистична стратегија со survival елементи

На сите оние кои би сакале да навлезат во пост апокалиптичен city builder каде фокусот е на преживување, би сакале да им ја препорачаме најновата игра на Core Engage – New Cycle!

Иако играта неодамна излезе во раниот пристап на Steam, од она што видовме, повеќе од јасно е дека развојното студио веќе долго време има работено на играта и веќе може да понуди солидна постапокалиптична стратегија.

На уникатен и ретко виден начин, New Cycle проповеда за немилата судбина на човештвото. Поради серии од соларни одблесоци, или интензивно и високо-енергетско значење од површината на сонцето, општеството е фрлено во хаотичен неред. По тешки обиди да се најде некакво решение, најхрабрите и најиздржливите решаваат дека мора да се продолжи со животот и започнуваат населба.

Од скромни почетоци….

Како што споменавме, Core Engine имаат осмислено едноставен, јасен и автоматизиран систем за почетно создавање населба.

Откако ќе пронајдете соодветно место на мапата, ќе биде потребно да го поставите центарот, а потоа и да одбележите на кои места да се направат првите структури за собирање ресурси. По издадените наредби, започнува автоматска изградба и етапно собирање ресурсите.

Целото искуство е флуидно, првенствено поради осмислениот дизајн за поставување во слободна форма, или според претходно воспоставена мрежа за прилепување на структурите.

… до индустриска метропола!

Со собирање доволно соодветни ресурси, ќе можете да вршите дополнителни надградби и да ре-откривате поефикасни начини за производство на ресурси, како и справување со елементите.

Се работи за релативно комплексен систем кој бара од вас размислување, експериментирање и шетање низ бројни менија. Но, во моментот кога ќе се вклопите во шемата, New Cycle открива слоеви и слоеви механики како, на пример, грижење за луѓето околу дистрибуција на храна и вода, како и овозможување алатки и облека за изведување на секојдневните обврски.

Веднаш по тоа, ќе започнете за размислување, планирање и реализирање на бројни форми на забава, разоткривање нови технологии, напредување во индустриската зона, користење нови горива за зголемена ефикасност, масовно производство и фабрики.

Брутална иднина

Во сево ова, ќе биде потребно и правилно да се справите со непредвидливите временски услови кои можат да се појават од еднаш и да побараат скап данок од вашето население. Зборуваме за разорни песочни бури, неконтролирани пожари, недостаток на основни ресурси, или пак неконтролирано избивање на болести, незадоволство и револт.

Играта има паметни механизми за спречување да не дојде до ова, или пак, ако мора да дојде, New Cycle ќе понуди соодветни начини за справување. Tаквото нешто, меѓутоа, бара размислување и тактизирање, односно знае да понуди вистински предизвик додека да се доведе ситуацијата во контрола.

Идна доработка

Доколку сакате веднаш да ја проверите играта, можете слободно! Навистина има што да се работи во New Cycle. Играта е доведена во задоволителна состојба. Во меѓувреме, авторите ветија воведување на многу дополнителни содржини во клучните аспекти на играта:

  • Гејмплеј: Советници, проширување на трговија, игриви регионални мапи, нов режим, проширен систем за истражување
  • Градење: дополнителни ресурси и производи, нови структури, проширен систем за земјоделие, нови модели…

Покрај ова, ќе се воведат и нови катастрофи, нови социјални настани, како и дополнителни мапи и разноликост!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Core Engage
  • ИздаваDaedalic Entertainment
  • Жанр: симулација, стратегија
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Ќе излезе на: 18 јануари 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments