RIM се враќа во игра со BlackBerry 10 и новите телефони Z10 и Q10

Пристигна BlackBerry 10. Овој редизајниран оперативен систем е последната шанса на канадскиот Research in Motion да се врати меѓу конкурентите на пазарот на паметни телефони кој еднаш го владееја, а сега имаат удел од само 6 отсто. Заедно со оперативниот систем пристигнаа и два нови телефони BlackBerry Z10 и BlackBerry Q10.

„Направивме платформа која може да се поврзе со вашите машини, со вашиот дом, вашиот автомобил, здравствениот систем, од било каде. Ова е ветувањето на BlackBerry 10 оперативниот систем.“, најави директорот на RIM, Торстен Хејнс.

Новиот оперативен систем BlackBerry 10 е ридизајниран да може да се користи со нови движења на прстите, и да биде колку друштвена, толку и продуктивна мобилна платформа. RIM ги таргетира бизнис луѓето за кои паметните телефони се алатка за комуникација, но во исто време сака да биде конкурентен со забавните функционалности кои ги нудат друштвените мрежи. Новиот ОС доаѓа со BlackBerry Hub кој е централното место за сите нотификации, имејлови и друштвени профили.

[youtube]C_E_qFGcXY0[/youtube]

RIM ги претстави и новиот BlackBеrry Messenger кој доаѓа со можност за видео повици, и BlackBerry ScreenShare со кој корисниците можат да ги спојат уредите и да го споделуваат екранот. Што се однесува до апликациите, BlackBerry со 70.000 апликации можеби заостанува зад Google и Apple, иако сега е редизајниран да вклучува и музика и филмови, но тие се достапни само во САД сега-засега.Oд двата уреди можеби BlackBerry Z10 е подобриот, главно поради поголемиот 4,2-инчeн екран на допир со HD дисплеј со 356 пиксели по инч (PPI).Работи на 1,5 GHz TI OMAP процесор со две јадра, 2 GB RAM, 16 GB простор, 8 мегапиксели камера и поддршка за NFC и LTE. Вториот телефон, Q10, доаѓа со физичка тастатура, во стилот на претходните BlackBerry уреди. Но, поради тастатурата BlackBerry Q10 има помал 3,1-инчен екран со резолуција ид 720×720 пиксели. Работи на 1,5 GHz процесор, а има 16 GB простор и 2 GB RAM.

Првите BlackBerry телефони веќе се достапни во Британија, Канада и Соединетите Арапски Емирати ќе го добијат телефонот во февруари, а во САД ќе биде достапен во март. По тоа би требало да биде достапен глобално.

[youtube]BDtxZr5TS7E[/youtube]

[youtube]hYKFpEOSyUQ[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk