26 коментари 1 мин. читање

Добијте бесплатна правна помош со новиот портал Pristapdopravda.mk

Дали знаете кои се вашите права и како да ги заштите? Новиот портал Пристап до правда има мисија да им обезбеди на сите граѓани еднаков пристап до правдата пред таа да им биде прегазена.

Порталот нуди основни информации за најчесто поставуваните прашања, го остварува правото на бесплатна правна помош и опис на трошоци во македонскиот правен систем. Порталот нуди и упаства за што им следува на посиромашните граѓани кога водат постапки за заштите на нивните права. Сите прашања можат да се постават преку телефон или преку онлајн формата.

„Клучно за успех во остварувањето и заштитата на правата е познавањето и информираноста на граѓаните за правниот систем. Имајќи во предвид дека се работи за мошне сложен систем од суштинско значење е граѓаните да имаат јасни и разбирливи информации и упатства за граѓаните за правото.“, се вели на порталот.

Пristapdopravda.mk е активност на проектот „Следење на примената на Законот за бесплатна правна помош“ кој Македонското здружение на млади правници го спроведува во соработка и поддршка на Фондацијата Отворено оптшество Македонија.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

26 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top