0 коментари 2 мин. читање 31 јануари, 2013

Dropbox претстави брзо прегледување на документи и виртуални албуми

Популарното веб складиште Dropbox претставни новости со кои ќе го олесни користењето и споделувањето на документи преку облакот. Најновото подобрување сега е што сите .pdf, .doc и други документи ќе може да ги прегледате, наместо веднаш да ги симнувате. Најверојатно наскоро ќе видиме и поддршка за Excel документи. Оваа опција ќе биде достапна за сите корисници во наредните недели.

(сликата е од Techcrunch)

Второто подобрување се однесува на фотографиите, односно Dropbox сега ќе ги групира сите фотографии од сите фолдери каде ги имате зачувано, и ќе ги претстави во една галерија со опции за да ги постирате на Facebook, Twitter или да ги пратите преку имејл. Ваквата опција оди одлично со автоматското закачување на фотографии од Android И iOS телефоните за полесно организирање и креирање на албуми директно на Dropbox кои ќе може да ги споделувате со пријателите.

Ова се добредојдени новини на Dropbox кој мора да ги убеди своите 100 милиони корисници дека се подобри од Box, Google Drive, Microsoft Skydrive и другите слични веб складишта. Тоа што мене ме интересира е кога ќе видиме нешто поврзано со музиката, земајќи во обзир дека минатиот месец Dropbox го купи стартапот Audiogalaxy.

(сликата е од Techcrunch)

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top