Прв поглед на Android Ice Cream Sandwich, благодарение на среќен eBay купувач

во Мобилни

Најновата сè-уште-необјавена верзија на Android, Ice Cream Sandwich, се нашла во раце на корисник кој купил Samsung Nexus S oд eBay. Случајно или не, тој испрати 2 минутно видео до Engadget во кое може да се види ICS само неколку дена пред објавување на новиот iPhone 5.

Ice Cream Sandwich, кој има преземено повеќе од Honeycomb, отколку од Gingerbread, треба да се појави во „октомври/ноевмри“, според Ерик Шмит. Неговата улога во Android екосистемот е преку API-ја да ги соедини сите различни уреди, една верзија да владее со сите, и со тоа да се стави крај на фрагментацијата која е проблем за овој сега најпопуларен мобилен оперативен систем. Бидејќи Android е со отворен код, под влијание да се модифицира од секој производител посебно и да се одложува надградбата, многу девелопери наидуваат на проблем со апликации и со начинот на како тие работат на различни уреди и различни верзии на оперативниот систем.

Од ова две-минутно видео, кое сè уште не е потврдено како вистинито, можеби е некоја персонализирана верзија, се гледа мала промена на интерфејсот иако повеќе наликува на Thron темата на Honeycomb, има четири кратенки најдолу на home екранот, нов интерфејс за менија, a во видеото корисникот си игра и со опциите за камерата, но не ја користи.

Интересно, корисникот вели дека кратко по објавување на видеото, Ice Cream Sandwich бил далечински избришан од неговиот уред.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments