Дали се мачи вашето дете со основни математички процеси, како собирање, одземање, множење, или делење?
Во тој случај можете да им ја инсталирате апликацијата Math Games for Kids, PRO верзијата е привремено бесплатна!
Апликацијата ви дозволува неколку интересни режими преку кои ги запознава младите умови со најразлични совети за поефикасна употреба на овие операции. Потоа, децата можат да преминат на тестирање, каде во временско-ограничени услови треба точно да се одговорат 30 прашања. За да се помине тестот, потребно е децата точно да одговорат на 24 прашања, односно точни да им се 80% од нивните одговори. По завршување на тестот имате целосен увид во тоа што е точно, а што не, и на кои работи би требало да се посвети повеќе внимание.
Доколку сте наставник во одделенија каде се учат овие операции, апликацијата е корисно помошно средство кое, како што споменавме, привремено ја има целосно отстрането цената за пристапот.