МИО предлага концепт „отворени е-услуги“

во ИТ.МК

Министерството за информатичко општество предлага концепт кој ќе мотивира креирање на ИТ решенија (апликации) кои ќе нудат електронски услуги при тоа користејќи ги податоците на иституции. Според ИТ министерсто Иво Ивановски, приватните компании кои ќе го искористат правото на користење на податоците ќе можат профитираат бидејќи МИО ќе дозволи наплата на крајниот корисник. Според него, „незадоволните ќе можат да го искористат правото да ги задоволат своите потреби како и досега на шалтер.“

Овој концепт на „open data” не е нешто ново, но се повеќе станува тренд благодарение на можноста (и законите за пристап до информации) да се искористат јавни податоци преку веб и мобилни апликации за нудење на услуги. Сепак „отвореноста“ на МИО ќе подразбира користење на податоците „преку строго дефинирани правила и стандарди“. Тие „строги“ правила, кои се уште не се наведени, ќе може да претставуваат проблем бидејќи ќе има простор за фаворизирање на компаниите, и да бидат услови кои ќе ги демотивираат индивидуалните програмери.

„Придобивките од овој концепт ќе бидат големи за сите инволвирани страни. Граѓаните ќе имаат повеќе избор, локалната власт ќе добие слобода за иновации во давање на постоечки и нови услови, администрацијата ќе понуди услуги по мерка на граѓаните и ќе го подобри работењето преку зголемување на ефикасноста и развивање на конкурентноста, за провајдерите на услуги ќе се отворат нови бизнис можности, а за централната власт забрзано дигитализирање на сите јавни услуги“, вели г. Ивановски.

(via Rupert Ganzer/ Flickr)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments