Во случај да сте корисник на Android телефон, тогаш самиот систем се одликува за можност за користење дополнителни кодови кои извршуваат одредени операции, како маскирање на вашиот телефонски број, или прикажување корисни податоци, како листање на IMEI податоците или пак информирање за Wi0Fi сигналот, батеријата, и други податоци за користење.
Надополнување: првите два кода се универзални!
Благодарност до нашиот читател, Kirev, кој ни го посочи ова! :)3 корисни кодови
#31# – Непознат број
Пред да завртите на некого, впишете го кодот пред телефонскиот број и лицето на кое му вртите ќе добие известување дека повикот е од непознат број. Ние не сме фанови на оваа тактика и преферираме транспарентност, но разбираме дека кодот знае да има предности во одредени ситуации (пренк повици не се смета како предност!).
*#06# – International Mobile Equipment Identity
Преку впишување на овој код инстантно можете да проверите дали IMEI податоците, како серискиот број, на телефонот се совпаѓаат со податоциите на кутијата. Може да биде важно доколку купувате претходно користен телефон и сакате да го дознаете меѓународната форма на идентификација на опремата на телефонот.
*#*#4636#*#* – Статус на батеријата, Wi-FI-то и многу повеќе!
А, како последен код за денеска, *#*#4636#*#* ја проверува вашата батерија, Wi-Fi и листа ред други корисни податоци за вашата направа. Статистички се опсипувате со информации за најчесто користени апликации, колку и како се троши ем батеријата ем интернетот. Во случај да купувате претходно користен телефон, овие информации можат да ви насликаат поразлична слика од сопственикот кој ви го продава телефонот.
Уште корисни кодови?
Зошто да не, ги има многу, а ќе ни биде особено задоволство да споделиме уште во деновите кои се пред нас! Читајте не и понатаму!
Првите два кода се универзални
Благодариме Kirev! :)