0 коментари 3 мин. читање 7 април, 2022

Google Play ќе ги отстрани застарените апликации

Апликациите кои не се прилагодени на новите верзии на Android ќе бидат отстранети од Google Play. Девелоперите имаат време до ноември оваа година да издадат апликација на прифатлива верзија за Android или апликацијата нема да се покажува на Google Play, и инсталирањето ќе биде блокирано за нови корисници.

Промената ќе важи за сите апликации кои користат Android API кое е барем две години постаро од последната верзија на Android. За сите постоечки корисници на апликациите нема да има никаква промена. Тие и натаму ќе можат да ги пронајдат и да ги инсталираат апликациите. Со ова секако ќе се избегне непријатна ситуација да бидат отстранети апликации кои корисникот ги платил во минатото, и ги користи, но развивачите престанале да ги одржуваат.

Мерката нема да има никакво влијание на новите апликации. Девелоперите кои сакаат да издадат апликација на Google Play веќе мора да користат Android API не постаро од една година од актуелната верзија на оперативниот систем. Влијанието ќе биде кај постарите апликации кои веќе подолго време никој не ги одржува. Овие апликации ќе бидат отстранети. Целта на ова отстранување на апликации кој никој не ги одржува е да се зголеми безбедноста на Google Play, вели TechCrunch. Компанијата постојано додава безбедносни надградби во оперативниот систем, но апликациите кои користат постаро API не ја користат оваа поголема безбедност. Дополнително најголем дел од овие апликации имаат застарен изглед, па го нарушуваат искуството на корисникот.

Google континуирано работи на зголемување на безбедноста на корисниците. Неодамна од Google Play беа отстранети и 11 апликации кои беа користени за собирање на податоци на корисниците. Она што овој пат е интересно е дека апликациите доаѓаат со SDK панамската компанија Measurement Systems S. De R.L. Девелоперите се изведувачи за неколку американски агенции за национална безбедност. Measurement Systems на креаторите на апликациите им исплаќале пари за да го користат нивниот SDK.

Дел од отстранетите апликации се муслимански молитвеници и имаат неколку десетици милиони преземања. Android Headlines пренесе дека 11 од апликациите имале над 60 милиони преземања. Овие апликации се користени за собирање на имејл адреси, телефонски броеви, лозинки, и GPS локации.

Покрај молитвениците има и апликација за детектирање на локации на кои полицијата ја мери брзината, далечински управувач, QR-скенер, виџет за часовник и време…

Иако Google ги отстрани овие апликации на 25 март, сите апликации се веќе вратени. Measurement Systems негира дека е виновна, но има полно докази кои го покажуваат спротивното, тврди Wall Street Journal.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top