Надополнето: Виртуелниот оператор WTI Macedonia ќе стартува „многу бргу“

во ИТ.МК

Четвртиот фиксен и мобилен оператор WTI Macedonia, кој ќе функционира како виртуелен оператор користејќи ги мрежите на другите, ќе стартува со понудите и услугите сигурно до крајот на годината.

Од WTI ни рекоа дека имаат точен датум, но таа информација не е јавна. Сепак рекоа дека ќе стартуваат многу бргу и сигурно до крајот на годината. Прашав дали ќе стартуваат „во Октомври?“, ни рекоа само „можеби“.

Моментално се чини дека WTI се уште собира персонал. Нa нивната Facebook страна се објавени огласи за вработување на маркетинг менаџер, менаџер за човечки ресурси, бизнис аналитичар, човек за кампањи, комуникации, за развој на продукти… Крајниот рок за пријавување е 7-ми октомври. Додека се средат деталите со вработувањето, можеби WTI ќе започне во ноември?

Стартувана е и веб страната на која се наведени и услугите што ќе ги нудат, но ги нема се уште конкретните понуди.

<Надополнето> Капитал пишува дека според информации од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), виртуелниот оператор WTI треба да почне со нудење услуги во мобилната телефонија од 1 јануари 2012 година, а за кратко време потоа и во фиксната телефонија.

“Компанијата не е должна да го испочитува тој рок, но се надеваме дека на овој датум, кој е најавен од компанијата, ќе почнат со работа“, велат од АЕК.
</надополнување>

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk