Ново на ИТ Маркет: Квалитетни компјутерски маси и столови од Салон29

Avatar img-thumbnail img-circle

во Блог

Кога пред скоро две години ја лансиравме новата верзија на IT.mk (v6) поставивме нова и прилично храбра траекторија на целиот IT.mk кој веќе 16 години ја едуцира, поддржува и промовира македонската ИТ заедница. Од таа верзија IT.mk постана многу повеќе од само форум и портал, туку цела платформа која нуди повеќе услуги, меѓукои и ИТ Маркет.

Веќе две години IT.mk/market-от функционира во фаза на “proof of concept” при која ги дефинираме начините на соработка со вендори, можностите за синхронизации, правните норми и начинот на кој истиот би работел и би го понудил најдоброто за корисниците и особено за премиум членовите на IT.mk кои добиваат значителни попусти со своето членство.

По продадени над 1.130 производи и спектакуларни промоции како Mystery Box, Black Friday и Cyber Monday, време е ИТ Маркет-от да влезе во нова фаза.

Покрај оваа новост, најавуваме и наскоро зголемување на целата хардвер понуда!

Понуда на стоечки бироа, маси и квалитетни работни столови

Од денеска на IT.mk/market може да се порачаат и квалитетни компјутерски маси и столови, благодарение на соработката со Салон29.

За Салон 29

Салон 29 е компанија која специјализира во дејноста уредување на ентерирер и канцелариски мебел за деловни простории. Компанијата соработува со познати производители на мебел како: NEW FORM, DELLA ROVERE, FULL MOBILI, LAS MOBILI, CERNTOLA, DESIGN OFFICE, PARRI, SEPOINT, BRADO итн.

Моментално, Салон 29, лоциран во Скопје, располага со најголемиот салон за канцелариски мебел во Македонија, со површина од 300м2, сместен многу блиску до центарот на градот. Мебелот и столовите кои ги дистрибуира ги поседуваат сите меѓународно признати сертификати за квалитет, како и потребните гаранции и резервни делови.

Повеќе на salon29.com.mk

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk