Чисти цртежи, солидна глума и незаборавна приказна го красат визуелниот роман – Hauma – A Detective Noir Story

Во мај, девелоперите SenAm Games го исфрлија прологот за нивната мрачна детективска игра – Hauma. Оние фанови на визуелни новели кои бесплатно го проверија прологот беа одушевени од чистиот графички стил, впечатливата приказна и одличната глума. Неколку месеци подоцна, целата игра конечно излезе, но дали успева да ги заитригира гејмерите или пак се дави во морето од слични игри?

Како и повеќето визуелни новели, најсилната страна во Hauma – A Detective Noir Story е приказната. Но, квалитетот на приказната зависи и од два други елементи: од презентацијата и глумата. За среќа, Hauma има за извоз и од едното и од другото. Како резултат, играчот се поставува во срцето на Минхен и во епицентарот на огромен заговор кој пушта корени низ елитните социјални кругови.

Контекстуално истражување

Играјќи како Џудит, ќе поминете низ визуелно импресивни локации кои се засновани на вистински локации, ќе истражувате најразлични траги, ќе решавате загатки и ќе донесувате клучни одлуки кои имаат озбилни последици. Со оваа една реченица ја опишавме целата игра.

Кога сте во одредена локација, поставена ви е статична слика од околината со предмети на кои можете да кликнете. Штом кликнете на нешто, ќе го чуете мислењето на Џудит, а би можеле да добиете можности да го земете предметот, да решите одредена загатка поврзана со предметот, или пак да запомните одреден детаљ, како би го подоцна искористиле за разговор со соодветно лице.

Ова отвора бројни можности за истражување, откривање дополнителни траги и навраќање на одредени лица за да видите дали можат нешто дополнително да ви кажат. Мора да потенцираме дека Hauma – A Detective Noir Story е игра изградена на статични слики, лишени од какви било анимации.

Целата приказна се одвива низ соодветни стриповски панели со привремени, крајно суптилни транзиции од еден кон друг панел. И покрај тоа, презентацијата останува силна, што поради моќните и уникатни цртежи, а што поради силната глума.

Тежината на изборот

Hauma – A Detective Noir Story е солидна занимација за едно попладне. Како што напоменавме, играта одлично го задоволува светото тројство и нуди краткотрајна, но впечатливо искуство со длабока мистерија, предизвикувачки загатки и солидна глума. Доколку ви е смачено од константна адреналинска акција и сакате да паузирате така што ќе се посветите на малку порелаксирачки начин на сервирање приказна, тогаш Hauma e одличен избор за старт на интересна недела.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: SenAm Games
  • Издава: Assemble Entertainment
  • Жанр: авантура, инди
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 11 септември 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments