Лажни Ryzen процесори на Amazon

Intel Celeron процесори лажно се продаваат како Ryzen 7 1700 на Amazon. Најмалку двајца купувачи по отпакувањето на процесорот  забележале дека производот не соодвествува со она што го купиле. За среќа Amazon им ги замени производите.

Иако на прв поглед е потешко да се направи разликата, со малку повнимателно загледување брзо се забележува дека процесорот не е наменет за АМ4 сокет. Тоа што двајца корисници во волку кратко време купиле лажен Ryzen укажува на поорганизирана RMA (Return Merchandise Authorization) измама, вели Wcftech.

Инаку самиот процесор и не е премногу софистицирано преработен; од Celeron се отстранети ознаките на Intel и врз нив се залепени AMD ознака. Двата фалц процесори дојдоа со ист ладилник и налепници, па ова можеби е доказ дека и процесорите излегуваат од исто место. Среќна околност е што лажниот процесор не одговора на плочата, па ако купувачот не користи прекумерна сила, не може да ја расипе матичната плоча.

Лажен Ryzen процесор искористен во измамата / Image Reddit sh00ter999

Податоците за двата процесори најпрво се појавија на Reddit. Корисниците sh00ter999 и Yae_Ko го споделија своете искуство на платформата.

Вистински Ryzen процесор

 

Што е RMA измама?

Измамникот купува оригинален производ, во овој случај Ryzen процесор. Го вади производот и го менува со лажен. Потоа го враќа процесорот назад. Во Amazon работникот не забележува дека има разлика помеѓу оригиналот и лажниот производ и ќе го врати производот назад на продажба. Некој следен несреќен купувач ќе го купи истиот производ и ќе ја добие кутијата од измамникот.

Повеќе за RMA 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk