Хардвер од оваа недела Google Pixel 9, зголемена продажба на паметни телефони, нов Atlas

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Куп интересен хардвер оваа недела. Дознавме дека новата верзија на Google Pixel ќе доаѓа со функционалност која овозможува испраќање на пораки преку сателит, Boston Dynamics ја претстави надградбата на Atlas, а Ryzen најави нови процесори за вештачка интелигенција. За сите кои сакале да ѕирнат во виртуелната реалност, но ова им изгледало прескапо Meta Quest 2, сега се поевтини.

Google Pixel 9 доби сателитска врска за итни случаи

Google ќе направи надградба на своите Pixel паметни телефони. Делот од телефонот кој ќе го надградат нема некој „wow“-фактор, а сепак е исклучително корисен. За разлика од екранот или камерата кои често се првите надградби кои лесно се забележуваат, ова не е случај со модемот. Поради ова најчесто го прескокнуваме овој дел кај спецификациите, иако не би требало.

Новиот Google Pixel 9 паметен телефон кој компанијата би можела да го претстави веќе на Google I/O во мај, ќе доаѓа со нов модем. Телефонот ќе користи Samsung Modem 5400. Покрај во Pixel 9 телефоните, модемот ќе биде дел и од следната генерација на Fold, и во нов 5G таблет компјутер, пишува Android Authority.

Photo by Daniel Romero on Unsplash

Новиот модем ќе додаде поддршка за сателитски пораки. Ова главно е овозможено од модемот, но и од серија надградби кои доаѓаат со Android 15. Функционалноста ќе ја обезбеди T-Mobile во соработка со Space X. Ќе бидат овозможени текст пораки, но не и телефонски повици.

Нова апликација „Satellite Gateway“ ќе овозможи комуникација со службите за итна помош кога ќе биде потребна. Апликацијата е креирана во голема мера да ја олесни комуникацијата за итни потреби. Доаѓа со сет претходно дефинирани прашања на кои корисникот треба да даде одговори за да го олесни целиот процес. Дел од прашањата се на пример: „Дали [вие/тие/сите] дишат?“, „Што е запалено?“, „Има ли оружје?“ и слично. Со овие прашањa итните служби ќе можат да направат проценка и да одредат како најдобро да постапат во ситуацијата.

Слично како и кај iPhone кој веќе има функционалност за испраќање на пораки преку сателит, потребно е пронаоѓање и воспоставување на врска со сателитот, што не е баш едноставно.

Повеќе новости за Pixel уредите очекуваме со приближувањето на Google I/O.

Раст на продажбата на паметни телефони

Во првото тримесечје на 2024 година продадени се 289,4 милиони паметни телефони. Ова претставува пораст од 7,8 отсто во однос на истиот период минатата година. Анализата на продажбата која ја направија во IDC покажува дека Samsung повторно се вратил на врвот, откако Apple во 2023 година го презема водечкото место. Периодот го одбележа и враќањето на листата на Huawei, главно благодарение на зголемената продажба во Кина.

Компанија1Q2024 Удел (%)1Q2023 Удел (%)Промена 23/24
Samsung60,120,860,522,5-0,7
Apple50,117,355,420,7-9,6
Xiaomi40,814,130,511,433,8
Transsion28,59,915,45,784,9
OPPO25,28,727,610,3-8,5
Продажбите се во милиони уреди

Јасно е дека растот на продажбата главно се должи на двете големи кинески компании Xiaomi и Transsion. Иако според апсолутни бројки Samsung и Apple остануваат на самиот врв на листата со 60,1 и 50,1 милиони продадени телефони, двете компании забележале пад на продажбата во споредба со истиот период лани. Импресивна е бројката на Transsion кој успеал да ја зголеми продажбата за дури 84,9 отсто, иако испораките од оваа компанија и натаму се помалку од половина од бројот на испорачани уреди на Samsung.

Нова електрична верзија на роботот Atlas

Boston Dynamics претстави нова електрична верзија на роботот Atlas. Заедно со оваа најава дознавме и дека старата, хидраулична верзија на роботот ќе се пензионира. Старата верзија на роботот изгледаше импресивно, а новата уште отсега изгледа одлично.

Зглобовите изгледаат како да се пофлексибилни од претходно, станувањето од лежење беше супер брзо. За разлика од претходната верзија, новата многу повеќе лични на робот.

„Атлас личи на човек, но го опремуваме да се движи на најефикасен можен начин за да ја заврши задачата, наместо да биде ограничен од човечкиот опсег на движење. Атлас ќе се движи на начин кој ги надминува човечките способности.“, пишуваат од Boston Dynamics.

Ова всушност и може да се забележи во видеото на станувањето на роботот кое го сподели Boston Dynamics. Најголем дел од „зглобовите“ се вртат 360-степени, во насоки на кои не се движат ниту луѓето, ниту претходната верзија на Atlas.

AMD ги претстави Ryzen Pro 8000 процесорите за вештачка интелигенција

AMD претстави нови процесори со Zen 4 архитектура кои ќе доаѓаат со NPU чип за пресметките за вештачка интелигенција. Новата 8000 серија е првиот десктоп чип за домашна употреба кој доаѓа со оваа функционалност. Компанијaта лансира две линии на процесори Ryzen 8000 Pro за десктоп и Ryzen Pro 8040 за лаптоп. Најголем дел од чиповите со исклучок на послабите верзии во двете линии ќе доаѓаат со NPU. Брендот на новите чипови ќе биде Ryzen AI Pro.

Идејата за додавање на NPU треба да ги привлече корисниците кои се загрижени за својата приватност. Додавањето на NPU чип ќе овозможи обработката потребна за вештачка интелигенција да се прави директно на компјутерот наместо во облакот. Ова ќе важи за сѐ, од генерирање на слики, до различни апликации кои користат вештачка интелигенција.

Веројатно поинтересно е што за производство на новите чипови се користи 4-nm процес на TSMC. Со тоа е овозможена поголема густина на транзистори, и повеќе транзистори на чипот.

Компанијата најави 8 десктоп и 8 процесори за лаптоп. Сите се наменети за деловни клиенти. Кај процесорите за лаптоп единствено најслабиот модел доаѓа без NPU,  а кај десктоп 4 од 8 процесори немаат NPU.

Процесорите ќе бидат достапни наскоро. Lenovo и други компании партнери на AMD ќе започнат да ги продаваат своите компјутери со новите процесори во ова тримесечје.

Meta Quest 2 отсега поевтини

Meta ја намали цената на својот сет за виртуелна реалност. Стариот сет на очила сега чини 200 долари, што навистина е добра цена за почетен модел за очила за виртуелна реалност. Претходно цената на Meta Quest 2 беше 250 долари за 128 GB моделот. За потсетување за овој сет не е потребна никаква дополнителна опрема.

Поради цената и карактеристиките Quest 2 е веројатно еден од најдобрите уреди за сите кои сакаат да ѕирнат за прв пат во виртуелниот свет. Ова е второ намалување на цената на сетот за виртуелна реалност во последните неколку месеци. Во јануари Meta ja намали цената на уредот од 300 на 250 долари. Заедно со ценатa на Quest 2, намалена e и цената на повеќе додатоци за уредот.

Image by Meta

Со влегувањето на Apple на пазарот на уреди за виртуелна реалност, целиот сектор се размрда. Сепак, Apple Vison Pro е прескап за најглем дел на корисниците, па голем дел од заинтерисираните ќе се одлучат за некој друг, поевтин уред.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments