Кумановски „хакер“ украл 11.000 US долари од Content.ad акаунт

Дваесет и две годишниот кумановски „хакер“, со иницијалите А.Д. решил да дојде до брза пара така што извршил упад во кориснички акаунт на рекламната платформа Content.ad на туѓо лице и си земал за слобода да си префрли нешто повеќе од 11.000 US долари.

Осомничениот ја постигнал таквата цел така што ги променило податоците за исплата на парични средства и ја заменил девизната сметка на лицето В.И. со неговата девизна сметка. Вториот чекор бил да ја промени и-мeјл адресата за да може да му го отсече пристапот на вистинскиот власник и да го искористи краткиот период за присвојување „имотна корист во вредност од 11.254 долари”.

Моментно, хакерот се има здобиено со кривична пријава “поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.“, пренесува локалниот портал, KumanovoNews.

Нема официјални информации дали А.Д. навистина имплементирал познавања за извршување ваков упад или пак едноставно го познавал лицето В.И. и ја искористил таквата близина за да му ја дознае лозинката и да ги изврши промените.

Content.ad е само една од рекламните мрежи, покрај примарната Google AdSense, која е-печалбарите ја користат за заработка преку сајтовите со лажни вести, сајтови за здрава исхрана и рецепти и други тематски сајтови во веќе познатата и распространета шема, особено во неколку градови како Велес, Скопје, Куманово…

Сумите кои се заработуваат преку овој метод не треба да се за изненадување, ако се земе во предвид дека огромен дел од е-печалбарите кои се решаваат на ваква “професија” применуваат секакви неетички па дури и нелегални методи – од отворање лажни профили по социјални медиуми, спамирање по разни канали и групи, до пишување лажни вести и плаќање за објави по Facebook страни и сајтови, и на тоа сето ова посветуваат од 8-12 работни часа дневно и иницијално инвестираат значителна сума, а потоа реинвестираат од добиеното со цел да го продолжат кругот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
holf
holf
8 years ago

Стара вест се пренесува како ,,нова,,. Малку касните со објавава а?

Noe
8 years ago

“Професија” ? Објаснете зашто е у наводници ?

види ги сите огласи на kariera.it.mk