Падот на криптовалутите донесе куп евтини половни графички картички

Двете најпопуларни крипто-валути во моментов биткоин (Bitcoin) и етериум (Ethereum) ги забележуваат своите подеми и падови. Падот на цената на етериум од 400 на околу 130 долари во само еден месец, предизвика паника кај дел од сопствениците. Биткоин пак, за време на викeндот паднa на 1.863 долари. За само 24 часа изминатиот викенд вредноста на сите крипто-валути заедно падна за 10 милијарди долари, вели Coindesk.

За падот на дигиталните валути најмногу придонесуваат  три причини, вели Анупам Варши во колумна за Venturebeat. Според него причина за падот на биткоин е доаѓањето на 1 август и крајот на дебатата за зголемување на блокот на биткоин. Несогласувањата може да предизвикаат поделба, што дополнителни ќе предизвика пад на валутата.

Пад на цената на крипто-валутите од нивната највисока вредност забележана во Јуни / Image courtesy of Coindesk

Причината за падот на етериум, всушност лежи и во начинот на кој се креираа многу од стартапите кои се базираат на валутата. Наместо акции инвеститорите добиваат крипто-валута. Голем дел од инвеститорите веќе започнуваат да го продаваат својот удел во овие компании па поголемата количина на етериум придонесува за падот на валутата.

Конечно дел од сопствениците на крипто-валута наседнуваат на манипулацијата на берзата.

„Крипто-валутите се нерегулирани. Она што би ги однело манупулантите на пазарот акции со вредност во затвор, тука е дозволено. Во вакво сценарио не е изненадување што големите играчи манипулираат со пазарите за сопствена корист. Дуре не е реткост користењето на автомати за купување и продавање на крипто валутите“, додава г. Варши.

Не е се толку лошо

Дури и да пропаднат сите крипто-валути, технологијата зад нив ја докажа својата моќ. Веќе има куп стартапи кои работат со block-chain за креирање на следната надградба на финансискиот сектор.

Дополнително, падот на цената на криптовалутите придонесе на рударите на криптовалути да почнат да ги продаваат своите графички картички. Пред промените Radeon RX 580 можеше да „заработи“ над 5 долари дневно, по падот на цената оваа бројка падна на под 2 долари.

Поради високата цена на криптовалутите, пред се Ethereum копачите купуваа многу графички, па не само што придонесоа до повисоки цени на средната класа графички, туку тешко беше да са се пронајдат.

Потсетување: Што е криптовалута и како се собира

Bitcoins се виртуелна валута која според првичната замисла корисниците треба да ја добиваат во замена за пресметковната моќ и потрошената електрична енергија на нивните компјутери. Тие не се централизирана валута, односно не зависат од банките, иако во реалноста многу повеќе се користат центри (менувачници  на виртуелната валута). Доказ за поседување на виртуелната валута се приватни клучеви кои овозможуваат корисникот да ги префрла или користи „парите“. Во суштина Bitcoins се долги енкриптирани „стрингови“ на броеви и букви без смисла,  кои можат да се користат само со приватен клуч.

Креирањето на самиот биткоин се нарекува рударство или копање (mining). Рударите користат специјален софтвер со кој решаваат софистицирани математички проблеми, а со самото тоа и ја креират следната монета.

Проценката е дека до крајот на 2017 ќе бидат „ископани“ 80 отсто од сите биткоини, вели Merkle. Вкупно се предвидени 21.000.000. На почеток копањето беше полесно и побрзо. Па релативно брзо можеа да се соберат повеќе „монети“. Колку повеќе биткоини се креирани толку побавно е самото креирање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments