Концептива – тимот кој нуди револуција во HR едукација со Coach [стартап на месецот]

Овој текст е дел од иницијативата “.mk стартап на месецот” нa IT.mk и Startup Macedonia во кој секој месец ќе профилираме по еден .мк стартап кој е на пат кон успехот.

.мк стартап на месецот [јануари, 2022]:

Концептива и нивниот продукт Coach – гејмифицирана платформа за поефикасни корпоративни обуки


Пред да настапи пандемијата на COVID-19, креативната дигитална агенција Артистика, основана од дипломираниот архитект, пивотиран во UX дизајнер, Александар Ацковски, учествува во проект за дигитализација на корпоративни и продажни обуки за еден од најреномираните автомобилски брендови во светот, Maserati.

Во тогашниот тим на Артистика, на истиот проект во улога на проект менаџер работи и Калина Трајаноска, која всушност е full-stack девелопер која кај-и-да-е ќе дипломира на ФИНКИ.

Начинот на кој бил изведен и менаџиран проектот од страна на македонската агенција оставил доста силен и добар впечаток кај германскиот партнер на Maserati, кој бил предводник на целиот проект. Во проектот, Артистика имала задача да ги модернизира постоечките корпоративни обуки на Maserati и да ги направи достапни на модерна технологија, визуелно попрегледни и побрзи за користење. Покрај модернизирањето, основната цел на проектот била да се спаси Maserati од користење на застарена технологија која индустријата одамна ја има прогласено за мртва. (хинт: F _ _ _ h)

Добри гости не доаѓаат со празни раце

Александар и Калина раскажуваат за почетоците на Coach

Добриот впечаток кој го оставила македонската дигитална агенција, резултирал во покана до Александар и Калина од страна на германскиот партнер на состанок во Минхен. Дејствието на овие случувања е во предпандемски свет – ноември, 2018-та година.

Целта на поканата била едноставна, подобро да се запознаат и да продискутираат за способностите на Артистика, што е тоа што оваа компанија може да го понуди дополнително во проектите за дигитална трансформација за нивните клиенти во автомобилската индустрија.

Како сите добри гости, Александар и Калина решиле да не одат во Германија со празни раце. Па така, поаѓајќи од тоа што најдобро го знаат – да решат проблем и да смислат концепт за подобрување на постоечки процеси преку технологија – ова ентузијастички настроено дуо, решава во рок од две недели да осмисли целосен концепт за продукт кој ќе може да им се понуди не само на Maserati, туку и на останатите гиганти во автомобилската индустрија. И од тука веќе Александар и Калина почнуваат со развој на концепт базиран на знаењето и искуството од веќе завршениот проект.

Наместо со тегла ајвар и шише ракија, по неколку непреспиени ноќи, Александар и Калина одат кај германскиот партнер, кој инаку 20 години работи за премиум брендови во автомобилската индустрија, со целосен концепт за платформа која ќе го модернизира процесот за HR едукација воглавно преку гејмификација. Освен тоа, новоразвиенот концепт ќе понуди и предлог решение за скалабилност и решавање на најчестите проблеми во корпоративните обуки, сето тоа поткрепено со куп истражувања и анализи…

„Тоа што на крај го направивме, беше зачетокот на Coach.“ – раскажува Калина за нивниот состанок во Минхен. „Нашата идејата тогаш беше да го развиеме ова со подршка на Maserati, но сепак да биде реискористливо и применливо и за други.“

Проактивноста е одлична особина

Германците, презадоволни од тоа што Александар и Калина им го понудиле, откако ги пофалиле за проактивноста, решаваат да го пренесат концептот кај клиентите и да дефинираат чекори за отпочнување на реализација… но бидејќи во игра во конкретниов случај се големи компании и корпорации, секоја идеја, колку и да е добра, треба да помине низ повеќе одлуки, сектори, бизнис анализи и менаџмент ревизии.

дипломираниот архитект пивотиран во UX дизајнер, Александар Ацковски

Чекајќи ја одлуката за отпочнување на валидираната идеја, Александар и Калина низ текот на 2019-та, дури чекаат инфо за отпочнување на проектот, стануваат сѐ понестрпливи од една, а од друга страна сѐ поубедени во идејата… па така, дури во Германија и Италија се тераат состаноци и одлуки за организација на интерни тендери, проектни документации и други одлики на корпоративната тромост, во мај, 2019-та Калина и Александар решаваат на своја рака да ја отпочнат изработката на MVP-то од платформата за HR едукација.

Нестрпливоста всушност може да се окарактеризира како default-ната проактивност присутна во карактерите на Александар и Калина, а отпочнувањето на предвремената реализација на проектот, без потврдени детали си ја оправдале со тоа дека ќе направат подлога за после полесно и побрзо да го одработат проектот.

Добра идеја не се чува во фиока

„Кога стигнавме до демо верзија и пред да добиеме финална одлука, фати короната… тогаш се размрдаа работите многу во автомобилската индустрија. Иако приходите им пораснаа, се пресекоа многу буџети и се паузираа многу процеси и проекти.“ – објаснува Александар.

Поради пандемијата, одлуката за реализација на проектот се паузирала до недефиниран датум, но Александар и Калина баш за време на пандемијата ја согледуваат уште поголемата потреба од еден продукт што ќе понуди целосна дигитализација на корпоративни обуки, а притоа ќе го задржи фокусот и знаењето на вработените преку методи на гејмификација. И покрај тоа што пандемијата ја стопирала соработката со Maserati, може да се каже дека баш потребата од дигитализација на компаниите што пандемијата ја наметна и далечинското работење ја отпочнала приказната на Концептива и нивната апликација Coach

Со готово демо во рацете, Александар и Калина немале никаква причина да го пикнат проектот во фиока и да чекаат подобри денови, па решаваат да пивотираат од услужна дејност во Артистика, во формирање на продуктна компанија која ќе го докомплетира развојот на платформата Coach.

Што е Coach?

Coach е платформа за микро-учење за поефикасни корпоративни обуки.“ – најкратко сумирање на идејата што го понуди Калина.

Во суштина, Coach е платформа која им овозможува на корпорациите и нивните HR оддели да овозможат интерактивни обуки со елементи на гејмификација на нивните вработени. Клучниот проблем кој оваа платформа го решава преку иновативни методи и игри е таканаречениот проблем на „Крива на заборавање“ – што го отсликува фактот дека вработените по поминување на еднодневната обука го започнуваат процесот на заборавање на тоа што било презентирано. Coach го решава овој проблем со автоматски потсетници во форма на персонализирани, кратки игри и квиз прашања отсликувајќи ја докажаната методологија на распоредено повторување.

Илустрирано, тоа би изгледало вака:

„Главниот проблем што го решаваме е тоа што компаниите сметаат дека откако еден вработен ќе помине одредена обука, дека тој ја знае таа обука и продолжува да функционира понатаму. Реалноста е многу поразлична од тоа, затоа што мозокот не е направен сѐ да памети, туку само тие 20-30% од информациите што ги користи во секојдневието, што значи дека над 70% од содржината на обуката ја заборава…“ – го објаснува проблемот подетално Калина – „…истражувањата покажуваат дека тие 70% од знаењата од обична обука се губат по само две недели а компаниите тешко го следат ова.“

Борбата против Кривата на заборавање, Калина и Александар ја идентификувале во понуда на кратки, персонализирани тренинг сесии распределени на одредени интервали (со цел да ја искористат докажаната методологија на распоредено повторување), но сето тоа го зачинуваат со гејмификација која нуди уникатен начин на целокупна обука.

„Coach прави учењето да не се чувстува како учење.“ – дополнува Калина.

За правилно искористување на Coach важно е компанијата да има добра содржина која може да ја преточи во модулите за интерактивна обука. Ако компанијата има море од PDF-и и останати документации, Концептива им помага да ги срочи во корисна и унифицирана содржина која може да се постави во Coach, што е втор извор на приход за компанијата. За оние компании кои имаат HR оддели кои работат на тренинзи и програми, може самите да ги изготват потребните микро-лекции и содржините на тренингот.

За да го олеснат процесот, развиен е и модул за импортирање на содржина преку Excel, а воведени се и алатки за олеснување на додавањето на содржината во администрацискиот панел.

Клучни функционалности на Coach:

Целата содржина на апликацијата, достапна за Android и за iOS, се менаџира преку веб-базиран администраторски панел кој секој клиент на Coach го добива. Преку панелот може да се менаџира содржината, да се автоматизриаат процеси и да се генерираат прашања преку матрици што овозможуваат на лесен начин компанијата да ги подготви обуките за своите вработени. Аналитиката самите компании за користеноста на Coach од страна на нивните вработени ја добиваат во реално-време на админ панелот, а имаат можност и да гледаат препораки од системот и фидбек за тренингот од корисниците.

Соработката со Howitzer им овозможила да одржат гостинско предавање на San Diego State University

При развојот на MVP-то од платформата, се јавила потреба желба за соодветен фидбек кој апликацијата би ја направил уште подобра. Барајќи го тој фидбек, Концептива решава да стапи во соработка со Howitzer, дечките кои развија маркетинг алатка за Reddit и добија $500.000 инвестиција, и преку нивната платформа ќе се обиде да таргетира професионалци од е-learning индустријата кои ќе го дадат своето мислење и ќе бидат бета тестери.

Кампања која ја извеле со помош на Howitzer за неколку недели им овозможила да стапат во комуникација со повеќе од 200 релевантни контакти (експерти од индустријата, дизајнери на едукативни материјали и потенцијални клиенти) низ светот од кои добиле одличен фидбек за решението и заинтересираност за користење.

„Бидејќи методологиите кои ги користиме во Coach за зацврстување на знаењата се научно докажани (spaced repetition, micro-learing, adaptive learning) добивме и еден вид на академско признание со тоа што бевме поканети да држиме гостинско предавање за Coach на San Diego State University по предметот Emerging Technologies in Learning & Development пред студенти на магистерски студии кои учат да станат дизајнери на едукативни содржини. Предавањето помина одлично, се разви дискусија која траеше еден час дополнително од планираното, па професорот дури се понуди да им даде кредити за практична работа на студентите доколку некој од нив има желба да го користи Coach.“ – раскажува Калина.

Инвестиција од 100.000 евра која ќе овозможи пласман и ширење на тимот

Овој македонски спиноф-стартап, пред еден месец доби инвестиција од 100.000 евра за да ја доразвие и пласира на пазарот платформата за корпоративни обуки. Инвестицијата доаѓа од XФактор Акцелератор, а средствата ќе бидат искористени за пласман на Coach на пазарот.

Тимот на Концептива

Дополнително, Концептива покрај Александар кој е мозокот зад корисничкото искуство, дизајнот и концептите за напредните функционалности на Coach, Калина како главно техничко лице, и дополнителната техничка поддршка од Андреј и Петар како програмери, Горјан како дизајнер и двајца QA тестери (Антонио и Мирослав), ја користи инвестицијата и за ширење на тимот, а деталите за отворените позиции може да ги прегледате на IT.mk/kariera:

Официјален сајт на апликацијата: https://getcoach.app


Втор дел наскоро…

За технологијата позади Coach, начинoт на кој се изработува UX-от на самата апликација и како Калина и Александар се фокусираат да го завршат продуктот, технологијата што се користи како и плановите за имплементација на вештачка интелигенција преку GPT-3, читајте во вториот дел од ова интервју што ќе биде објавен на IT.mk наскоро…

Во меѓувреме, решивме да ја тестираме теоријата за методологија на распоредено повторување… па да ве видиме:

[wp_quiz id=”869841″]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Kоментари на статија (1)Што се дискутира на ИТ форум...

Нема одговори сè уште.

Loading new replies...

Овој текст е дел од иницијативата “.mk стартап на месецот” нa IT.mk и Startup Macedonia во кој секој месец ќе профилираме по еден .мк стартап кој е на пат кон успехот.

.мк стартап на месецот [јануари, 2022]:​

Концептива и нивниот продукт Coach – гејмифицирана платформа за поефикасни корпоративни обуки​


Пред да настапи пандемијата на COVID-19, креативната дигитална агенција Артистика, основана од дипломираниот архитект, пивотиран во UX дизајнер, Александар Ацковски, учествува во проект за дигитализација на корпоративни и продажни обуки за еден од најреномираните автомобилски брендови во светот, Maserati.

Во тогашниот тим на Артистика, на истиот проект во улога на проект менаџер работи и Калина Трајаноска, која всушност е full-stack девелопер која кај-и-да-е ќе дипломира на ФИНКИ.

Начинот на кој бил изведен и менаџиран проектот од страна на македонската агенција оставил доста силен и добар впечаток кај германскиот партнер на Maserati, кој бил предводник на целиот проект. Во проектот, Артистика имала задача да ги модернизира постоечките корпоративни обуки на Maserati и да ги направи достапни на модерна технологија, визуелно попрегледни и побрзи за користење. Покрај модернизирањето, основната цел на проектот била да се спаси Maserati од користење на застарена технологија која индустријата одамна ја има прогласено за мртва. (хинт: F _ _ _ h)

Добри гости не доаѓаат со празни раце...​

Прочитајте ја целата приказна за овој стартап @ Концептива - тимот кој нуди револуција во HR едукација со Coach [стартап на месецот, дел 1/2] ⋆ IT.mk

одговори Лајк

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Jasminka Taseva Jankovikj
Jasminka Taseva Jankovikj
2 years ago

Odlicen uspeh. I jas naskoro pocnuvam so start up vo Fission design industry i makedonski licen fassion brend. Tuka vo Makedonija, i se nashe, Makedonsko, so angazmani na mladi lugje od Makedonija (no name)