Веб-страница Концептива
Helping companies deliver effective training
→ За нас
Концептива е EdTech / HRTech стартап со визија да го револуционизира пристапот кон учењето со помош на најновите технологии.
Првиот продукт кој го развиваме е Coach – мобилна апликација за поефикасни корпоративни обуки. Coach им овозможува на големите компании побрзо и подобро да ги обучат своите вработени и да ја зголемат продажбата.
Нашите канцеларии се во Скопје, иако за време на Ковид19 кризата практикуваме работа од домa.
→ Потребно претходно искуство / технологии
◦ Солидно познавање на frontend layer – CSS, HTML, респонсивност, анимации, асинхрона комуникација со backend преку RESTful API, state management (користиме Redux)
◦ 2+ години искуство со Javascript, барем 1 година искуство со React.js
◦ Искуство со развивање компоненти според даден дизајн
◦ Искуство со Git
◦ Искуство со React Native е плус
◦ Искуство со користење component libraries е плус (користиме Material UI)
→ Поволности
◦ Компетитивна компензација со регуларни performance reviews на секои 3 или 6 месеци со можност за покачување на платата. Почетната плата зависи директно од способностите на кандидатот.
◦ Бонуси за одличен напредок / придонес
◦ Можност за флексибилно работно време
◦ Динамична стартап околина, работа во помал тим каде секој има простор за голем импакт и за учење на нови работи