Денеска официјално беше отворен четвртиот по ред семинар и натпревар за роботика Робомак 2013, организиран од EESTEC LC, IEEE и Студентскиот парламент на ФЕИТ. Саемот за роботика ќе се трае до 15-ти март и ќе се одвиваат различни работилници со студенти, асистенти и професори на ФЕИТ.
Исто така на РобоМак 2013 се пријавени и околу 70 домашни и триесетина странски учесници, кои сите заедно на 16-ти март ќе ги одмерат силите на своите роботи во вкупно 5 категории, од кои две се нови.
Покрај сумо, хуманоидот и лаварантитот, од оваа година ќе има и измешани тимови кои ќе работат на роботска рака. Таа ќе треба да биде дизајнирана да има уникатни движења кои ќе ги симулираат движењата на човековата рака. Втората нова категорија е „Pololu“ во која тимовите ќе треба да дизајнираат роботи кои ќе следат некоја линија, и после неа да почнат да се натпреваруваат.








Каде точно се случува ова, негде на ФЕИТ? На сајтот не е прецизирано.
A kade se odrzuva Robomak? ima nekoja programa?
Имаш линк до нивниот сајт во текстот – http://robomac.eestec-sk.org.mk/. Таму ја имаш целата програма и предавања.