0 коментари 2 мин. читање 13 март, 2013

Linkedin го купува мобилниот друштвен агрегатор Pulse?

Според сериозни гласини на интернет, бизнис мрежата LinkedIn планира да ja купи апликацијата за агрегирање вести Pulse за цена од 50 до 100 милиони долари. Pulse e мобилна апликација која предлага и агрегира содржина од куп разни сајтови и друштвените мрежи. Има околу 20 милиони корисници ширум светот кои, според Pulse, читаат 10 милиони приказни преку ден.

LinkedIn веќе подолго време се труди да стане што е можно подобра бизнис мрежа за споделување на релевантна содржина, а не мрежа каде луѓето само го закачуваат своето CV. Pulse ќе му помогне на LinkedIn да го зајакне своето мобилно присуство и секако да дистрибуира повеќе реклами околу споделената содржина. Во моментов рекламите на бизнис мрежата придонесуваат кон 27 отсто од вкупните приходи.

Според Петер Кафка од реномираниот блог AllThingsD, LinkedIn ќе може да го искористи Pulse за да креира уникатна апликација за Android и iOS, наменета за премиум претплатниците да можат да следат содржина споделена од нивните контакти на LinkedIn, или да видат со кој од споменатата компанија во вестите се поврзани, што ќе ги направи вестите далеку поинтересни.

[youtube]uc0qjGA3PpY[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top