„Везилка“ ќе ја вплете Македонија во европската мрежа за вештачка интелигенција

Кога претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, во Тирана најави дека Унијата ќе ги „отвори своите фабрики за вештачка интелигенција за Западниот Балкан“, изненадувањето дојде во деталот дека дел од таа иницијатива веќе има конкретна форма во Македонија.

Проектот „Везилка“, кој се развива под водство на Министерство за дигитална трансформација и Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), има за цел да стане национален центар за развој и примена на технологии базирани на вештачка интелигенција. 

Проектот е со финансиска поддршка од ЕУ преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPC, и ја означува како „инфраструктура за високоперформансно пресметување“ која ќе овозможи на универзитетите, компаниите и институциите да развиваат и тестираат решенија користејќи европски ресурси. 

Но, контекстот на состојбата со вештачката интелигенција во Македонија укажува дека пред земјата е сериозен предизвик. Според една анализа, Македонија е рангирана на 77-то место од 174 земји во светот според индексот за подготвеност за вештачка интелигенција. Тоа значи дека, иако оваа иницијатива ја отвора вратата кон „европската мрежа на ВИ“, реалната состојба бара многу повеќе – од кадри до институционална поддршка и инфраструктура.

Истовремено, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски посочува дека „Везилка“ не е само технолошка инвестиција, туку обид Македонија да стане активен дел од таа поширока европска мрежа за истражување и иновации, а не само набљудувач. 

Сегашната фазата е инфраструктурна, односно воспоставување на хардвер и архитектура за високоперформансно пресметување, а подоцна следуваат развој на национални јазични модели, системи за истражување и поддршка за стартапи, компании и институции.  Со други зборови: Македонија стапува на пат кој нуди можности, но и налага реални напори за искористување на тие можности.

Стефан Андоновски

Стефан Андоновски: Проектот „Везилка“ се развива во неколку јасно дефинирани фази.

Во моментов сме во првата – инфраструктурна фаза, во која се воспоставува центарот и хардверската архитектура за високоперформансно пресметување (GPU-кластерот). Таа ќе биде завршена до втората половина на 2026 година.

Втората фаза, предвидена за 2026–2027, опфаќа развој на националниот јазичен корпус и првите сеопфатни македонски јазични модели на вештачка интелигенција.

До 2028 година, „Везилка“ ќе биде целосно функционална како национална AI-платформа, достапна за универзитетите, стартапите, институциите и приватниот сектор.

СА: „Везилка“ има за цел оваа висока технологија да ја направи достапна и корисна за сите. За граѓаните, тоа значи поквалитетни и побрзи јавни услуги, дигитални решенија на македонски јазик и зголемена сигурност на податоците.

За државата и економијата, проектот значи развој на домашни експерти за вештачка интелигенција, нови стартапи и истражувачки проекти, како и намалување на технолошката зависност од странство. Целта е Македонија да стане регионален центар за одговорен и етички развој на ВИ, целосно усогласен со европските стандарди.

СА: Да, проектот предвидува обука на државните службеници, студентите и пошироката јавност.

Преку Националната академија за дигитални вештини и соработката со ФИНКИ, ќе се развијат специјализирани програми за користење на ВИ-алатки, анализа на податоци и развој на алгоритми.

Овие програми ќе се спроведуваат по принципот “train-the-trainer”, со цел знаењето да се шири во институциите и бизнис-заедницата.

СА: Проектот има силна европска димензија. Се реализира со крупна финансиска поддршка од 2.5 милиони евра од Европската Унија преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPC, и е дел од пошироката мрежа на AI Factories што ги поврзува земјите-членки и кандидатите за членство. 

Везилка“ е дел и ќе ја користи инфраструктурата на грчката фабрика за ВИ во Фарос, истовремено сместувајќи ги македонските ресурси на домашна опрема и cloud решенија.

ФИНКИ има воспоставена блиска техничка и академска соработка со институции од Грција, особено во делот на јазичните технологии и HPC-инфраструктурата, како и партнерства со експерти од универзитетите и Националниот центар за истражување и технологија (CERTH).

Оваа соработка ќе обезбеди регионален пристап до европските истражувачки и технолошки мрежи, што е клучен предуслов за одржливост на проектот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk