Лајковите на Facebook ги откриваат вашите лични карактеристики

Сите ваши лајкови на фан страните на Facebook откриваат дел од вашата личност, тие ја откриваат вашата сексуалност, политичката определеност и дури и интелигенцијата, велат истражувачите од Универзитетот Кембриџ кои користеа алгоритам за да го предвидат идентитетот на корисниците на друштвената на мрежа.

Истражувањето кое е објавено во журналот PNAS, е направено со 58.000 волутери кои се проучувани според нивните лајкови на Facebook и психометрични резултати кои го откриваат нивниот личен карактер. Лајковите се споредувани со резултатите од тестирањето преку алгоритмот кој, според истражувачите, дал прецизни резултати, како на пример 95 отсто точни резултати при одредување на која етничка група припаѓа корисникот, и 82 отсто точни резултати при одредување дали корисникот е христијанин или муслиман. Алгоритмот ги прегледува стотиците лајкови на страни како музика и телевизиски емисии за да ги одреди личните карактеристики.

Не е тајна дека целта на Facebook е да ги натера корисниците да го споделуваат својот живот на мрежата, ниту пак е чудно што корисниците се отворени кон платформата која им нуди онлајн дружење, па затоа се подготвени да кликнат лајк на секоја страна која им се допаѓа. Но, тоа што е застрашувачки е што сите овие до-некаде-приватни податоци се достапни онлајн за сите. Facebook дозволува да ги сокриете приватните фотографии и да ги споделувате само со најблиските пријатели кои ги знаете во „реалниот свет“. Но, иако корисникот има можност, сепак Facebook намерно изоставува да сокрие одредени податоци од јавноста, како што се лајковите на фан страните.

„Ми се допаѓа што добивам автоматски предлози за книги, или тоа што Facebook ми ги селектира најрелевантните приказни во мојот фид за вести. Меѓутоа, можам да замислам ситуација во која тие исти податоци и технологија која може да се искористи за предвидување на политичката или сексуалната определеност, може да биде опасна за слободата и дури врз животот на корисниците.“, вели психологот Мајкл Косински кој го водеше истражувањето.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk