Пан-Европската организација за Управување со Интернетот односно EuroDIG (European Dialogue on Internet Governance) ги повикува сите студенти и млади ентузијасти на возраст од 18 до 30 години да се приклучат на програмата YOUthDIG.
Во текот на Младинската програма за Управувањето со Интернет, односно Youth Dialogue on Internet Governance (YOUthDIG) програмата, учесниците ќе се запознаат и ќе научат повеќе за управувањето со интернет, дигитални политики, дигитална соработка, дигитална безбедност, сајбер безбедност. Наставата е поделена во два дела. Првата фаза е онлајн, и ќе трае од април до јуни, со редовни состаноци, предавања, активности и презентации.
Втората фаза е во живо и ќе се одржи пред EuroDIG во Трст, Италија (ако не биде забрането или ограничено патувањето во тој период). Оваа фаза ќе се одржи од 26-ти до 30-ти јуни. Избраните учесници можат да добијат и финансиска помош за патување.
Повикот за учество е отворен до 7-ми февруари.
Учесниците треба да бидат активни во текот на целата програма, како и на изготвувањето на пораките кои ќе бидат претставени на официјалната конференција и на интернационалниот Internet Governance Forum (IGF). Ако ви е потребна помош во изготвување на пораките, може да ги погледнете минатогодишните пораки.
Програмата е отворена за сите студенти кои живеат и работат во Европа.
Сите заинтересирани можат да се пријават за учество на веб-страницата на ЕuroDIG. Секој кој има желба да научи нешто повеќе за управување со интернет може да аплицира.