ИТ настан: Red Bull стартува глобален натпревар во шкртање

Во текот на мај и јуни, македонските дизајнери, цртачи и креативци ќе се натпреваруваат во шкртање, а победникот на натпреварот ќе ја претставува земјата на светската изложба на Red Bull Doodle Art во Јужна Африка. „Најкреативниот натпревар“, како што го нарекува Red Bull, ќе опфати 40 држави и за прв пат во својата историја кулминира со глобална изложба во Кејптаун, на која најдобрите од целиот свет ќе имаат можност да се претстават со своите цртежи и да бидат дел од World Design Capital 2014. Глобалниот победник на оваа изложба ќе дизајнира Red Bull маичка која ќе се продава на официјалната веб страна во 2015 година.

За да учествуваш, земи гo пенкалото или пак преземи ја Adobe Ideas апликацијата за iPad или iPhone, испечати си официјален шкрт шаблон, нашкртај нешто и прикачи го твоето уметничко дело во онлајн галеријата на www.redbulldoodleart.com. Пријавувањето е во тек, а завршува на 29 мај на полноќ, по што следува гласање на база на „лајкови“ кое ќе започне на 30 мај во 12:00 часот и ќе трае до 3 јуни, на полноќ.

Дваесетте финалисти, чии цртежи ќе добијат најмногу „лајкови“, ќе учествуваат на Red Bull Doodle Art изложба која ќе се одржи на 6 и 7 јуни во Градскиот парк, како дел од Skopje Street Festival. Таму жирито, составено од модната блогерка Јована Зука, графичкиот илустратор Горан Ind.o.g Костовски и втората половина од Ани и Дими – фотографот Димитар Петровски, на 7 јуни ќе ја додели титулата за најдобар шрктач кој во октомври ќе патува во Кејптаун. Вредни Apple награди ќе добијат и второ и трето пласираниот цртеж.

Дознај повеќе за натпреварот на www.redbulldoodleart.com, разгледај ги инспиративните цртежи од целиот свет „и сподели и ти каде ти лета паметот“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk