0 коментари 2 мин. читање 20 мај, 2014

Microsoft Office ќе биде оптимизиран за допир; ќе се користи со паметно пенкало

Microsoft Research работи да го направи Microsoft Office да биде со интерфејс оптимизиран за екрани на допир. Компанијата издаде документ во кој може да се види оваа интеграција и како ќе изгледа следната генерација на Office. Според првичниот изглед се чини дека компанијата сака да овозможи во „допирот“ да функционира на различен начин во различни апликации. Затоа ќе биде воведено паметно пенкало кое ќе овозможува различна функција од прстите кои се движат по дисплејот. Дел од апликациите ќе имаат можност да ги користат прстите и пенкалото, а дел ќе ги препознава едното или другото.

„Корисниците повеќе сакаат прецизност на таблет/фаблет уредите. Корисниците сметаат дека пенкалото е клучно за придуктивноста“, вели Microsoft во документот кој го најавува дигиталното Ink пенкало.

Целта на Microsoft е во сите апликации на Office пакетот да овозможи користење на пенкало како што тоа се користи и на хартија. Пенкалото ќе се употребува во Word, PowerPoint, Outlook и Excel, а во дел од претставените примени може да забележите и дека апликациите го препознаваат текстот напишан со пенкалото. Доколку ви се допаѓа идејата за пишување, скицирање, правење планови или цртање директно на екранот на компјутерот тогаш можеби Ink е вистинско решение за вас.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top