Ако некогаш сте биле заинтересирани за креирање и развој на видеоигри, ама не сте знаеле како да започнете, M3DS имаат супер вест за вас. Следната недела организираат курс за почетно запознавање со креирање на видеоигри на кој ќе може да учествуваат сите.
„Game Design How To?“ е целосно бесплатен настан и трае од 25 до 29 октомври. Учесниците ќе се запознаат со основите за креирање на прва видеоигра во Unreal Engine; навигација во софтверот; користење на „blueprints“; функции базирани на C++. Курсот е за почетници и не е потребно никакво предзнаење за програмирање или 3Д моделирање.
Настанот е онлајн и сите учесници ќе може да го следат на Discord канал. Сепак местата се ограничени, и ќе биде потребно организирање во тимови, па за учество ќе биде потребна регистрација.
„Главна цел на настанот е подигање на свеста и развојот на информатичките науки, како и запознавање со гејминг индустријата која станува се поактуелна на нашите простори“, велат од М3DS.
По завршување на игрите ќе бидат одбрани и најдобрите 3 тима кои ќе добијат награда стипендија за студирање во M3DS академијата.
За повеќе информации посетете ја веб-страницата на M3DS академијата.
[…] post ИТ Настан: Како дk… appeared first on […]