1 коментар 2 мин. читање 20 мај, 2014

Турнир во Dota 2 ги надмина очекувањата со над 6 милиони долари награден фонд

Гејминг турнирот Dоta 2 International ги сруши сите рекорди со соберени 5,9 милиони долари награден фонд, и се чини дека без проблем ќе ја надмине првичната проекција на Valve oд 6 милиони долари. Наградниот фонд порасна откако Valve се одлучи 25 отсто (2,5 долари) од секоја виртуелна влезница за турнирот да го одели за наградниот фонд.

Влезницата или Compendium, покрај можноста за следење на натпреварите, e сличен на водич кој се продава на големите спортски стадиони, па гледачите ќе можат на пример да ги изберат своите омилени тимови кои ќе ги следат. Освен ова гледачите кои ќе го купат, ќе добијат и добра во играта, како на пример побрзо собирање на искуството, промени на изгледот на некои од ефектите, нова музика и слично. Слично како и на дел од останатите настани кои се финансирани од јавноста и Valve креира скала на која за секоја одклучена сума се отвора нов додаток на Compendium. По се изгледа наскоро Valve ќе мора да додаде уште неколку награди погоре на скалата. Натпреварот ќе се одржи во KeyArena во Сиетл oд 18 до 21 јули.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top