0 коментари 2 мин. читање 10 февруари, 2023

ИТ настан: Сè што од секогаш сте сакале да дознаете за GPT, онлајн настан организиран од Women in Tech Macedonia

Следната недела, на 15-ти февруари се одржува првиот настан од серијалот Tech Insights за 2023 година. Серијалот е во организација на Women in Tech Macedonia, а фокусот на настанот е вештачката интелигенција и GPT на OpenAI. Насловот на првиот настан за оваа година „Сè што сте сакале да знаете за GPT, а не сте прашале“.

Своето знаење и искуство ќе го сподели Стојанчо Туџарски, експерт со 30 годишно искуство во ИТ сферата, од кои 13 посветени на машинско учење како главен говорник на настанот.

Настанот се одржува онлајн на Zoom на 15-ти февруари со почеток од 18:00 часот.

Туџарски интензивно работи со јазичните модели веќе 3 години. Прв ги тренира најновите архитектури на невронски мрежи за сите балкански јазици, објавени на https://huggingface.co/macedonizer.

Посетителите на настанот низ реалното искуство со машинско учење и вештачка интелигенција, ќе може да дознаат кои се бенефитите од GPT за различни сфери, тргнувајќи првично од бизнис сферата, до иновација и технолошкиот развој.

Настанот е бесплатен и онлајн достапен за сите заинтересирани кои може да се регистрираат на следниот линк.

Доколку сакате да бидете дел од Women In Tech, приклучете се кон заедницата тука.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top