ИТ настан: Финален Startup Grind Skopje за оваа година со Бранко Трајковски од Claxi

во ИТ.МК, Совети

Закажан е последниот Startup Grind Skopje за 2015-та година. Датумот е 18-ти декември, петок, во Јавна соба, а честа да ја затвори сезоната ќе ја има Бранко Трајковски, основач на Bransys и на Claxi, апликација за превоз кој може слободно да ја наречеме „македонскиот Uber“.

Г. Трајковски ќе говори „како од гик да се претворите во директор“ и основач на стартап кој треба да го изградите од нула. Како да освоите нови пазари, како да дојдете до први вработени и како конечно да го претворите вашиот стартап во стабилен бизнис. Говорот ќе биде базиран пред се од искуствата на Claxy, како од позитивните, така и од предизвиците и грешките.

На настанот се поканети сите заинтересирани кои сакаат да се дружат со стартапи, претприемачи и инвеститори; да споделуваат идеи и да пијат пиво. Без грижа, Claxi, како поддржувач на кампањата против возење под дејство на алкохол, ќе обезбеди превоз дома. Настанот започнува во 17:30 часот, а по предавањата ќе има Silicon Drinkabout Skopje, неформална дружба на македонската стартап заедница. Место на настанот треба да го резервирате преку Eventbrite по цена од 300 денари во која е вклучена програмата, пиво, дружба, споделување на знаења и ваучерот во износ од 100 денари од Claxi.

На финалниот Startup Grind Skopje ќе бидат претставници и од South Central Ventures, европскиот фонд кој има 40 милиони евра за инвестирање во балкански стартапи. Овој фонд не организира настани и рунди за апликации, но е отворен за комуникација и сакаат да запознаат македонски стартапи во кои би инвестирале од десетици илјади евра до милиони.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments