ИТ Кариера: Како да го подобрите работниот процес со неколку лесни чекори

во Совети, Статии

Овој текст е дел од серијалот на тема ИТ Кариера во .мк општеството кој ќе ви помогне да ја пронајдете и добиете вистинската ИТ позиција за вас.


Чувството на истоштеност може многу лесно да ве обземе доколку систематски не ја организирате работата. Ресурсите и расположливите сервиси и информации мора да бидат подредени за да имате секојдневен максимален ефект во работата.

Стресот и страв од работа понекогаш можат да доведат и до целосно истоштување. Неколку ситни чекори можат да ви помогнат да ја одржите работната средина на оптимално ниво.

Организирање на хаосот

Многу е важно да ја организирате вашата работна средина. Нема ништо позастрашувачки од несредено биро, меѓутоа вашата виртуелна средина е исто толку важна. Никој не може и не смее да го смени вашиот начин на работа, меѓутоа трудете се околу тоа да бидете организирани во вашиот хаос.

Исто така може да го пробате Freedom. Оваа алатка исклучува неколку веб страници за одреден период што корисникот ќе го назначи. Можете да одберете кои веб страници да ги исклучите, иако не можете да престанете да сурфате имате опција целосно да го онеспособите вашиот прелистувач. Делува ригорозно, но ако е од помош, зошто да не!?

Како што лесно може да се функционира во тим со поделени задачи така и сами можете да имате дневен план со задачи и обврски што единствено ќе треба временски да ги разграничите.

Со ова ќе можете да посветите доволно време на различни задачи преку денот,неделата или месецот.

Микро-задачи за подобро работење

Постигнете помали но лесно совладливи цели. Доколку работите на голем проект,  поделете го на помали делови по важност и со тоа ќе можете да воспоставите систем на постигнување и завршување на обврските. Ова ќе ви овозможи да имате јасен напредок и да останете мотивирани за совладување на следната фаза. Награда, па дури и само пауза е секогаш добра опција по завршување на секоја “микро-задача”.

Задачите од друга страна, што ви земале премногу време мора да ги сведете на минимум. Тука може да ви се најде и Rescue Time. Ви овозможува да ги следите вашите дневни активности и да ги најдете вашите најнефективни моменти. Самата апликација дури генерира и извештаи за корисниците да можат да ги анализираат своите слабости. Rescue Time се адаптира според задачите и целите поставени од корисникот.

Избегнувајте мултитаскинг

Колку и да звучи кул, избегнувајте мултитаскинг и желбата да се обидете да направите сè одеднаш. Многумина одлично се снаоѓаат со ова. Меѓутоа многу лесно може да се истрошите и со тоа да направите грешки ако ставите премногу работи во една “чинија”.

Има голем број на апликации а Todoist е доста добар избор за проблемот со мултитаскингот. Ги чува вашите задачи организирани и со опција да ги додадете оние микро-задачи со рокови и коментари.

Редовните паузи се клучни, не дозволувајте во денот да останете без ручек или без прошетка. Дури и да имате рокови кои мора да ги испочитувате, со мала пауза секогаш ќе бидете попродуктивни, ефективни и среќни.

it-kariera-reklama

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments