Aпликација на денот: Со Claxi може да нарачате скопско такси „со еден клик“

во ИТ.МК, Совети

Claxi е нова македонска Android апликација која ви овозможува да нарачате такси во Скопје „со само еден клик“. Апликацијата овозможува повик на таксисти според неколку критериуми најевтин превоз, такси кое најбрзо ќе пристигне или такси во кое имате најмногу доверба. При секој повик на такси возило апликацијата ќе понуди повеќе решенија, а конечниот избор е на корисникот.

На прв поглед поради сличностви во функционалноста и дизајнот на страната на Claxi, ни заличи на Uber, апликацијата за наоѓање таксисти и приватни возачи, но не убедија дека „Claxi со многу аспекти се разликува од Uber и е развиена да ги поддржи таксистите и патниците“. Целта на Claxi е да го поедностави такси превозот за корисниците, и да им ја зголеми продуктивноста на такси возачите, без врска дали работат за некоја компанија или не. Предноста што Claxi ја гледа во својата апликација е што наоѓа таксисти што се блиску до патникот.

„Една од целите на апликацијата е таксистот секогаш да добие повици во негова близина, за да се намалат нивните т.н. ‘празни километри’ и да се зголеми нивната профитабилност. Таксистите можат да го користат Claxi без разлика дали се дел од некој диспачерски центар или не“.

Услугата за сега е достапна само во Скопје, но наскоро може да ја очекуваме на целата територија на Македонија. Во тек е и бета тестирање на апликацијата и уште во три држави. Апликацијата може да ја преземете од Google Play за Android телефони, а во најава е и iOS апликација.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments