Toptal ја купува македонска Adeva за проширување на својата глобална ИТ мрежата

0 коментари 2 мин. читање

Во време кога глобалната битка за врвен ИТ кадар станува сè поинтензивна, американската компанија Toptal, позната по својот целосно remote модел на работа и мрежа на технолошки експерти ширум светот, ја објави аквизицијата на македонската компанија Adeva.

Со ова преземање, Toptal дополнително го зацврстува своето присуство во секторот за технолошки консалтинг и ангажирање на високо квалификувани инженери, додека Adeva добива пристап до поширока глобална инфраструктура, enterprise клиенти и нови пазари.

Во изминатите години Adeva изгради репутација како мрежа што ги поврзува компаниите со внимателно селектирани програмери, софтверски архитекти и технолошки консултанти за сложени и стратешки важни проекти. Компанијата работеше со стартапи, но и со поголеми меѓународни организации кои бараат брз пристап до специјализиран технички кадар.

Извор: Toptal

Од Toptal велат дека аквизицијата ќе овозможи дополнително проширување на нивната Talent Network, особено во делот на напредното софтверско инженерство и delivery капацитетите.

„Со преземањето на Adeva, Toptal дополнително ја продлабочува експертизата, обемот и капацитетот што им ги нудиме на клиентите ширум светот“, изјави Тасо Ду Вал, основач и извршен директор на Toptal.

Од Adeva велат дека интеграцијата претставува можност нивните клиенти да добијат пристап до поширок спектар на услуги и глобални ресурси.

„Приклучувањето кон Toptal претставува значајна можност за нашите клиенти“, изјави Катерина Трајчевска, извршна директорка на Adeva. „Возбудени сме што ќе можеме да им понудиме уште поширок опсег на експертиза и услуги.“

Компаниите не објавија финансиски детали за договорот, но аквизицијата доаѓа во период кога глобалниот пазар за технолошки талент продолжува да расте, а remote моделите на работа стануваат стандард за сè поголем број компании.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Дискусија

Уште никој не искоментирал на темава, биди прв...

Мени
Заедница
Изглед