YouTube се менува. Ако првичната идеја беше „Broadcast Yourself“, платформа во која корисникот може со својата содржина да направи нешто креативно и да заработи од тоа видео, денес YouTube се почесто флертува со „големите“. Од претплата, до музички видеа, до преговори за филмови и серии на сервисот, бавно, но сигурно работите се менуваат.
Најдобриот приказ за ова е листата на најгледаните видеа за 2015 година. Саамо три популарни видеа се направени од обични „јутубери“, останатите се креирани од професионални тимови. Три од видеата доаѓаат од „Late Night“ шоуа, две видеа се реклами, едното е јавна објава, а последносто видео е од реално шоу. Видеата кои се крерани од обични корисници се Dover Police DashCam Confessiona“ од полицијата од Довер; 6ft man in a Giant 6ft Water Balloon од Slow Mo Guys и Silento од Тиана Кинг, кое е прво на листата.
Moжеби критиките не се фер бидејќи YouTube прави промени според интересот на корисниците, и како и секоја компанија сака да заработи од големиот број прегледи. „Корпоратизацијата“ на YouTube како што ја нарекува Washington Post можеби не е невообичана. Најгледаните видеа овозможуваат монетизација и можност за „емитување“ на сите содржини. Подобро изработени професионално продуцирани содржини ќе овозможат платформата да биде разгледувана посериозно од филмската индустрија кога ќе одлучуваат за достапност на холивудските филмови и ТВ сериите, а поразноврсна содржина е секојпат добредојдена.
Но, обичниот корисник-креатор на содржина кои го популаризираа сервисот, кои придонесоа кон интернет културата, некои станаа и милионери, може да се најдат во глупава ситуација да се натпреваруваат со корпоративните креатори.







