Спонзорирано

ИТ Настан: М3CON е Unreal Engine настан во Скопје поддржан од Epic Games

Спонзорирано од M3DS Academy

во ИТ настани, ИТ.МК, Софтвер, Спонзорирани

Unreal Engine е една од најмоќните алатки за развој на видеоигри, 3Д креации, визуелни ефекти, виртуелна реалност… Софтверот е развиен од Epic уште на средината на 90-те години. За прикажување на можностите на Unreal Engine неговите креатори на почеток ја користеа видеоиграта Unreal Tournament. Денес иако нема потреба за специјални презентации Epic ја користи супер популарната игра Fortnite.

Од 2015 година и верзијата 4 на Unreal Engine алатката е бесплатна за сите корисници. Сепак за сите проекти кои заработуваат над 3.000 долари во тримесечје Еpic наплаќа 5% од приходите. Ова на многу почетници им овозможува да навлезат во Unreal Engine без никаква почетна инвестиција, а потоа кога веќе го знаат ќе продолжат да го користат.

Енџинот од почетокот на април оваа година и официјално е на верзија 5. Графичките можности на актуелната верзија се нешто што мора да се погледне за да се поверува. Epic, но и повеќе ентузијасти, имаат издадено неколку демоа кои се навистина неверојатни…

Unreal Engine во Скопје

Она што е поинтересно за сите кои се интересираат за развој на видеоигри од Македонија е дека оваа година M3CONFERENCE е поддржана од Epic Games. Конференцијата ја организира M3DS Academy и оваа година настанот не е само локален туку е и регионален, па оттука и името M3CONFERENCE – East Europe Unreal Engine Fest. M3CONFERENCE се одржува два дена на 5-ти и 6-ти ноември.

M3Conference е настан кој ги обединува глобалните креативни лидери во технологијата, иновациите и бизнисот. Фокус на M3CON оваа година ќе биде изработката на околини, подготвување ликови за Unreal Engine, презентации од демо игри и филмски проекти и уште многу други содржини.

Организаторот ветува дека M3CON ќе биде одлична пригода за професионален развој.  На настанот се најавени куп состаноци, говорници, проекции, демо презентации и изложби…

Што се однесува до говорниците кои ќе имаат свои обраќања досега се најавени:

  • Мартин Хоф – Senior Environment Artis;
  • Марко Лазов – Character/Creature Artis;
  • Дарко Митев – Lead Character Artist (Online);
  • Лазар Месарош – Art Producer SCORN;
  • Стефан Митров – M3DS Academy / CEO;
  • Етиен Беше – Game Artist;
  • Симон Зафировски – Unreal Engine Instructor;
  • Адам Ковач – Solution Specialist at 3Lateral / Epic Games и
  • Атанасиос и Микаил Велисарис – 3D artists.

Билетите се достапни на M3DStore.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на M3DS Academy . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk