IT.mk, како најголема ИТ заедница во Македонија, стартуваше официјален Discord сервер. Серверот е наменет за дискусија, дружење, вмрежување и забава, со примарен фокус за приближување на медиумот кон т.н. генерација Z, но секако и за сите останати.
Што е Discord?
Discord е популарна комуникациска платформа дизајнирана за заедници и гејмери. Им овозможува на корисниците да креираат и да се приклучуваат на сервери, на кои што можат да комуницираат преку текст, аудио и видео. Discord нуди новини како што се канали, улоги, пермисии и ботови. Ова го направи популарен избор за онлајн часови, студиски групи и заеднички проекти.Серверот е структуриран со повеќе канали:
- Денешни IT новости – Канал наменет за следење и дискутирање на дневните ИТ случувања – IT.mk/sodrzhina.
- Прашања и одговори – Канал, наменет за поставување на прашање, консултација за одреден IT проблем и слично.
- Актуелно на IT форум – Канал наменет за актуелните случувања на активностите на ИТ форумот – IT.mk/forum
- Вештачка интелигенција – Канал наменет за дискусија за вештачка интелигенција, машинско учење и слични поврзани теми.
- Крипто – Канал наменет за дискусија на актуелните новости и трендови во светот на криптовалутите.
- Програмирање – Канал наменет за дискусија за програмски јазици, софтверски алатки, техники за кодирање и се друго што е поврзано со програмирање.
- Гејминг – Канал наменет за дискусија за вашите омилени видео игри, поврзување со други гејмери и следење на сите новости поврзани со гејминг.
- Студенти – Канал наменет за дискусија помеѓу студенти кои се на ИКТ студии,
- Smart home и автоматизација – Канал наменет за дискусија за новините за технологијата за автоматизацијата на дом, вклучувајќи паметни уреди за дом, безбедносни системи за дом и слично.
- Огласи за IT кариера – Канал наменет за IT пракса, вработување или хонорарна работа.
- IT настани – Канал наменет за информирање за настани – IT.mk/kariera.
- Мемиња и IT хумор – Канал наменет за најразлични ИТ мемиња, забавна содржина и слично
- IT маркет – Канал наменет за разгледување, дискутирање и купување на предмети од маркетот на IT.mk – IT.mk/market
- IT ретро – Канал наменет за дискусија поврзана со ИТ носталгија – ретро предмети, објави, статии и слично.
Зошто Discord?
Discord стана популарна платформа за комуникација меѓу Generation Z, демографската група родена помеѓу средината на 1990-тите и средината на 2000-тите. Оваа генерација порасна во свет кој се повеќе се поврзува преку технологијата, а Discord им обезбедува простор каде што можат да комуницираат и да соработуваат со своите врсници на глобално ниво. Во суштина, Discord е реинкарнацијата на mIRC.
Една од причините зошто Discord е толку популарен меѓу Generation Z е тоа што е многу приспособлив. Корисниците можат да креираат свои сервери, канали и улоги, што им овозможува да ја прилагодат платформата на нивните специфични потреби и интереси. Оваа флексибилност го направи Discord центар за посебни заедници, како што се игри, аниме и музика, каде што истомислениците можат да се поврзат и да се вклучат во дискусии. Понатаму, Discord стана центар за креативно изразување на новите енерации, корисниците можат да ги споделуваат своите дизајни, музика и други креативни дела на платформата, да добиваат повратни информации од врсниците и да соработуваат на нови проекти. Ова го направи Discord важна платформа за новите дизајнери, дигитални уметници, девелопери, гејмери, музичари и создавачи на содржини.
Во продложение некоку статистики според Cloudwards:










