Додека Елон Маск го оправа Twitter, Mastodon трие раце

Дали конечно ти е преку глава од Twitter? Еден дел од корисниците кои го напуштаат микро-блогот по неговото преземање од Елон Маск се префрлаат на платформата Mastodon. Од минатата недела Mastodon има 2.5 милиони активни корисници месечно, а само во еден ден добиле 180.000 нови корисници.

Што е Mastodon?

Mastodon е друштвена мрежа, иако е многу поблиска до платформа. За разлика од останатите друштвени мрежи, Mastodon им овозможува на сите да креираат сопствен сервер и да си изградат заедница. Платформата е со отворен код и секој може да ја преземе, промени, па дури и редистрибуира, иако треба да следат правилата за лиценцата. Поради тоа што секој креира сопствен сервер и платформата е со отворен код не е под притисок за монетизација. Она што е карактеристично за Mastodon е дека платформата не е креирана за собирање кликови, лајкови, или да ги задржи корисниците што е можно подолго. На платформата нема ниту следење на корисниците, ниту реклами.

Mastodon за разлика од останатите друштвени мрежи не е стартап или компанија. Станува збор за софтвер и заедница ентузијасти кои го развиваат. Во центарот на платформата е ActivityPub – отворен децентрализиран протокол за друштвени мрежи креиран врз ActivityPump на Pump.io. Она што обезбедува е клиент/сервер API за креирање, уредување и бришење на содржини и server-to-server API за испорака на нотификации и содржина. Мрежата креирана над ActivityPub е наречена „Fediverse“.

Што е Fediverse?

„Fediverse“ е платформа – збир на повеќе друштвени мрежи. Платформата ActivityPub се користи за повеќе веб-апликации, сите овие апликации под Fediverse се своевидни различни друштвени мрежи. Еден корисник може да следи различни профили креирани на повеќе неврзани друштвени мрежи изградени на ActivityPub.

На пример, ако на Mastodon гледаме како на Twitter, a на Pixelfed (друштвена мрежа за споделување на слики) како на Instagram, она што го овозможува ActivityHub е да следите профили од Twitter и од Pixelfed на едно место. Како на Twitter да може да се поврзете со профили од YouTube или Instagram, но и тие да  може да се поврзат со вас. Ова секако звучи комплицирано, но во пракса единствено значи дека може да се следат различни профили од различни мрежи базирани на ActivityPub.

Ако сакате може дури и да креирате сопствена мрежа и да креирате сопствени правила за пристапување и користење. Она што е важно е дека овие сервери ги плаќаат ентузијасти. Некои со сопствени финансии, за некои има различни кампањи преку кои се собираат средства.

Како да најдете сервер

Уште на самото креирање на профилот на Mastodon прво прашање кое мора да го одговорите е на кој сервер сакате да пристапите. На самата страница има куп сервери на кои може да им пристапите и на кој ќе го креирате својот профил. На самото пристапување ќе ве пречека листа со правила и  услови за користење.

Овде не станува збор за различни канали, туку некој навистина го инсталирал Mastodon софтверот на свој сервер.

Правилата за користење се уникатни за секој сервер. На пример во зависност од локацијата мора да се придржувате до законите на државата во која е лоциран серверот. Најголем дел од серверите имаат сопствени правила за модерирање на содржина; некои не дозволуваат никаква експлицитна содржина; некои дозволуваат сѐ; а на некои мора да одбележите ако содржината е почувствителна.

Она што е поважно тука, е дека треба да одберете сервер во кој ќе може да имате доверба. Администраторите на серверите имаат целосна контрола, одлучуваат за отстранување на некоја содржина, па дури можат да пристапат до приватните пораки.

Лоша вест е дека препорачаните сервери од листата имаат куп барања за влез и речиси сите имаат листи на чекање.

Она што ќе го забележите при креирањето на профилот е дека корисничкото име се разликува од другите друштвени мрежи. На пример @[email protected] или @[email protected]. Mastodon „адресата“ е составена од одбрано име, а вториот дел е во зависност на серверот на кој приклучувате.

Што е со објавите?

Објавувањето за среќа е слично со тон други сервиси, освен што објавите тука се викаат „toots“. Како и на Twitter бројот на карактери е ограничен, овде таа бројка е 500.

Добра вест е дека корисниците на Mastodon имаат повеќе контрола за тоа кој може да ги види објавите. Може да бидат јавни и достапни за целиот сервер, или да бидат приватни и достапни единствено за оние кои се споменати во објавата. Постојат и хаштази кои функционираат исто насекаде. Пребарувањето по содржина е ограничен единствено на хаштазите.

За објавите кои може да бидат навредливи или некој би можел да биде вознемирен од содржината овозможено е одбележување на објавите како „чувствителна содржина“. За разлика од најголем дел од останатите платформи, овде пораката може да биде персонализирана и одбележана. На пример некои објави може да бидат „невкусни шеги“ или „внимание политика“. Ограничување за овие пораки не постои.

Mastadon секако има и недостатоци

Најголем недостаток на Mastodon, барем во моментов, е што за нови корисници е преголем и преобемен. Популарните сервери се полни, и се чека одобрување. Со оглед на тоа дека има куп нови корисници чекањето може да потрае и неколку дена.

Дополнително, и самото приклучување на платформата е малку, можеби и непотребно покомплексно. Секако Facebook и Twitter едвај чекаат нови корисници, а во Mastodon новите корисници би требале да бидат нови членови на заедницата, па одобрувањето е разбирливо.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

види ги сите огласи на kariera.it.mk