Адвокатска канцеларија го тужи „DoNotPay“ бидејќи нема диплома по право

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Првиот робот-адвокат „DoNotPay“ ќе мора да се појави на суд. Креаторот на сервисот Џошуа Бродер е обвинет за незаконско давање на правни совети. Сервисот е креиран за давање на правна помош, a адвокатската канцеларија Edelson ќе го отвори спорот пред судот во Сан Франциско.

„За жал, DoNotPay не е робот, не е адвокат, ниту адвокатска фирма. DoNotPay нема диплома по право, нема дозвола да практикува право во ниту една јурисдикција и нема супервизија од ниту еден адвокат“, вели тужителот.

На самата веб-страницата, заедно со правилата за користење, пишува дека DoNotPay не е адвокат, ниту има лиценца за правна работа.

Тужбата доаѓа два месеци откако Бродер објави дека сака да користи вештачка интелигенција да ги претставува обвинетите пред судот. Веднаш по оваа објава на негова адреса дојдоа закани за тужби. Тој речиси веднаш се откажа од идејата, иако најави дека планот е „замрзнат“ само привремено.

Претставникот на канцеларијата Edelson го обвини креаторот на DoNotPay дека неговиот сервис е исклучиво складиште на супстандардни правни документи и во најдобар случај сервисот што го нуди е импровизирана правна помош за пополнувањето на документите врз основа на внесените податоци на корисниците.

Тужбата е отворена на име на Џонатан Фаридиан, кој го користел сервисот за генерирање на различни правни документи. За жал не е задоволен од услугата и го ангажирал Џеј Еделсон да го претставува пред судот. Еделсон неколку пати во групни тужби (class lawsuit) бил претставник на тужителите на Facebook.

Сепак ова не го исплаши Бродер. Во одговорот на Twitter вели дека токму Еделсон бил инспирација за DoNotPay. Истовремено потсети дека адвокатот од неодамнешната спогодба со Facebook заработил 98,5 милиони долари. Луѓето кои ги претставувал во овој спор со спогодбата се обештетени со 375 долари.

Џошуа Бродер го креираше DoNotPay кога имаше само 19 години. На почеток роботот им помагаше на луѓето кои имаа проблем со казни за паркирање. Многу брзо сервисот им помогна  на 160,000 луѓе кои имаа проблеми со казни за паркирање во Лондон и Њујорк. Потоа креираше нови надградби. Една ваква надградба беше наменета за бездомниците на кои им нудеше бесплатна правна помош полесно да аплицираат за сместување.

Guardian

Во сите случаи корисникот одговора на прашања, а DoNotPay врз основа на овие податоци во име на личноста испраќа барање до локалните власти. Оттогаш има куп различни услуги, од автоматско прекинување по истекување на трајл период, до поднесување на барање за дозвола за риболов.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk