(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)
ПРОФИЛ
1. Датум кога официјално започнавте со работа?
Rething започна со работа на 05. 01. 2021
2. Од кого е основана компанијата?
Основачи на компанијата се Димитар Најденов, Ивана Каралиева Петреска и Влатко Котевски.
3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте?

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
5 члена
5. Колку вработени сте сега?
18
6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
Целосна дигитализација на компании, од идеја до реализација.
7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Со оглед дека нашиот пазар е мал во однос на понуда, а побарувачката е огромна и доаѓа од цел свет, тогаш гледаме многу потенцијални соработки со многу компании во нашата земја за градење на добри продукти наместо конкуренти.
Инаку, она што е карактеристично за Ретинг е дека соработува со клиенти кои градат дигитални решенија со нас од нула, и тимовите придонесуваат во одлуки и насока во која ќе растат тие бизниси.

8. Кои се клиентите со кои соработувате и на кои пазари работите?
Најмногу работиме со клиенти од Скандинавија. Mеѓу нив се: Stabenfeldt, WLX, MK Illumination, Boksy…
9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Би инвестирале во многу добри идеи и тимови од нашата земја за своите решенија да ги лансираат на интернационален пазар.

10. Што ќе работите во 2025 година?
Покрај моменталните клиенти, уште оваа година започнуваме нови проекти кои треба да се градат постепено, подобруваат според потребите на пазарот, и во 2024, и во 2025 година. Исто така, работиме на наш продукт којшто дефинитивно ќе биде дел Ретинг во 2025.
11. Споделете некој „fun fact“ за вашата компанија
За 2 години, тимот на Ретинг порасна за 110%.

Официјален сајт:
Rething на друштвените мрежи
Посетете го профилот на Rething на ИТ Индекс.
Знаеш компанија која треба да ја додадеме на ИТ Индекс? Кликни тука и Предложи компанија.