Интернетот на нештата ќе го одржуваат 4,5 милиони девелопери до 2020-та

Предвидувањата велат дека за шест години од сега само во САД дури 50 отсто од домовите кои имаат широкопојасен интернет ќе поседуваат паметни уреди поврзани на Интернет. Па, доколку се размислувате околу нова професионална кариера, тогаш започнете да учите за „Интернетот на нештата“ на кој ќе му треба милиони девелопери до 2020 година. Истражувањето на Vision Mobile покажуваат дека во 2020 година, бројката на активни развивачи кои ќе работат на уреди со поддршка на Интернет на нештата ќе порасне на 4,5 милиони од 300.000 развивачи во моментов, што е раст од 57 отсто секоја година.

Очекувањата се дека во 2020 година ќе бидат поврзани дури 26 милијарди уреди, а најголема причина поради која се потребни сите овие девелопери е менаџирање и користење на сите податоци кои ќе доаѓаат од паметните уреди. Девелоперите ќе треба да ги анализираат овие податоци и да го изнајдат најдобриот начин за нивна примена.

„Клучот на успехот во системите во кои во центар се девелоперите е да се пронајде начин да се задоволат новите барања на девелоперите. На пример Apple ги спојува своите уреди со апликациите во App Store, Google ги спојува своите услуги со Android уредите. Преку овие услуги компанијата собира податоци за корисниците и креира можности за проширување на рекламирањето. Amazon ги спојува своите услуги за е-продажба со Kindle таблет компјутерите да ги насочи корисниците повторно кон својата продавница…“ , се вели во извештајот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk