0 коментари 2 мин. читање 1 јули, 2014

Affordable Space Adventures e нова игра на данскиот Knapnok Games, кое е предводено од Македонка

Affordable Space Adventures е видеоигра за Wii U креирана од данското студио Knapnok Games, кое е основано од македонската продуцентка Дајана Димовска.

[youtube]y428C7g2oUs[/youtube]

Играта е „stealth puzzle“ каде задачата на играчот е да го управува бродот без да биде детектиран. Се разбира не е се едноставно како што изгледа, па дизајнерите на играта се погрижија играњето да биде далеку позабавно. Играчите ќе треба да ја менуваат работата на бродот за да не бидат детектирани, а на располагање им се алатки од кои дел го маскирааат нивниот термички сигнал, алкатка со која можат да кренат товар и да го искористат за прекин на опасните ласери или можност да исклучат дел од сензорите кои ги лоцираат.

Играта го користи одлично хардверот на Wii U, што овозможува истовремено управување на бродот од повеќе играчи, односно кооперативна игра. Тежината на нивоата се движи од едноставни до екстремно комплексни што овозможува фамилијарна забава, но и забава за гејмерите кои сакаат поголем предизвик.

Affordable Space Adventures имаше и официјално претставување на најголемиот саем за видео игри E3, а во видеото подолу можете да ја видите презентацијата на Дајана токму во Лос Анѓелес.

[youtube]sJdyPGoalOs[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top