Прв поглед на Blackphone, телефонот кој гарантира приватност

Blackphone е првиот телефон кој e креиран пред се за приватност на корисниците. Телефонот е дело на Geeksphone и Silent Circle и доаѓа со PrivatOS модифицирана верзија на Android. Во своето ексклузивно интервју Ars Technica вели дека кога е во прашање заштитата на личните податоци се чини дека телефонот целосно ја оправдува довербата. Личните податоци се одлично заштитени со овој телефон, па дури и на екранот се прикажуваат многу малку од нив кој некој случајно би можел да ги забележи.

Blackphone доаѓа со 4.7-инчен IPS HD дисплеј; процесорот е четиријадрен Tegra 4i на 2 GHz; 1GB LPDDR3 RAM меморија; 16GB слободен простор кој дополнително може да се прошири со microSD картичка; 8МР задна камера со AF и 5 MР предна камера. Телефонот доаѓа со поддршка за WiFi, Bluetooth 4.0 LE и GPS. На него се наоѓаат и micro USB 3.0 порт и приклучок за слушалки. Капацитетот на батеријата е 2000 mAh. Најголем дел од хардверот е стандарден за паметните телефони, со исклучок на процесорот. Производителот вели дека се одлучиле за соработка со Nvidia поради подготвеноста на соработка за производство во помали серии. Цената на приватноста и не е баш ниска и отклучен телефон чини 630 долари.

[youtube]WczXWirN9oo[/youtube]

Оперативниот ситем PrivatOS е базиран на Android 4.4 KitKat, но корисниците имаат поголема контрола врз пристапот и дозволите кои ги имаат апликациите кои се инсталирани на телефонот. Дополнително тука се и инсталираните услуги кои доаѓаат со телефонот. Двогодишна претплата на услугата на Silent Circle за аудио и видео разговори и апликација за текстуални пораки. Три едногодишни претплати на Friend and Family кои ќе можат да ги користат пријателите. Двегодишна претплата на Disconnect VPN и сервисот за анонимно пребарување. Дополнителна двегодишна претплата на SpiderOak веб складиштето. Оперативниот систем овозможува криптирање на податоците на телефонот, но и на податоците на mini-SD картичката.

Пребарување оди преку речиси сите пребарувачи Google, Bing, Yahoo, Blekko или DuckDuckGo. Разликата е во тоа што пребарувањата од DuckDuckGо се директни додека другите пребарувања одат преку Disconnect сервисот, кој го анонимизира целиот сообраќај. Сепак клуч на приватноста на Blackphone се Silent Phone и Silent Text услугите кој овозможуваат криптирани разговори и текст пораки. Клучевите се испраќаат peer-to-peer без посредство на сервер. Системот предвидува и проверка на конекцијата за приватност, по тестот доколку врската е безбедна телефонот го покажува ова на екранот.

Заклучокот на Ars Technica е дека телефонот е пред се наменет за корисници кои се загрижени за својата приватност. PrivatOS е одличен кога е во прашање на контролата на пермисиите на апликациите. Услугите за приватен разговор и текст пораки се одлични, а телефонот доаѓа и со заштита од конектирање на небезбедни WiFi-мрежи. Целиот интернет сообраќај се испраќа преку Disconnect VPN, што овозможува ананимизирање на пребарувањето и интернет сообраќајот. Лошите страни се што сепак за денешни стандарди телефонот е просечен и интерфејсот на PrivatOS ќе биде потребно време за привикнување. Најголем проблем е огрничениот број на пликации кои ќе бидат достапни за Blackphone со оглед на тоа дека нема подршка за Google Play. Телефонот е пред се наменет за корисници кои имаат потреба од приватност, а тие ќе мора да бидат подготвени да ја платат оваа цена за поголема безбедност.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk