CES 2025 и иднината која се случува сега

Во периодот од 07-10 јануари имав задоволство да бидам дел од CES 2025 во Лас Вегас, САД и да поминам четири дена во едно патешествие низ познатите хотели, казина и конференциски сали каде што се одржуваше овој несомнено најголем светски технолошки настан на денешницата. 

Истовремено, конференцијата е и еден вид на предвесник за сето она што ќе се случува во технолошката индустрија и нејзините трендови во тековната година. Што може да се види за време на CES? Во кратки црти – сѐ што ќе замислите!

Од полначи за батерии и смартфони, преку роботи правосмукалки и хуманоидни роботи, до AR/VR очила и асистенти кои користат вештачка интелигенција, па се до летечки автомобили и автомобили кои возат сами – на конференцијата има за секого по нешто, и нешто што дефинитивно ќе ви го задржи вниманието додека сте таму. 

Единственото нешто што е тешко, пак, е да издржите и низ тие неколку дена да имате постојан фокус и енергија за нештата кои сакате да ги видите и искусите, без вниманието да ви биде одвлечено од илјадниците други производи и технологии кои се прикажуваат истовремено на штандовите ширум настанот.

Еве и неколку бројки кои говорат за тоа калибарот на настанот: повеќе од 150 илјади посетители од над 160 земји, како и над 4 илјади изложувачи, од кои повеќе од 1,500 се стартапи. Има и уште поимпресивни бројки, но да се задржиме на главните бројки и на оние кои категории кои се од наш интерес и оние што ги следиме како медиуми.

Еден поголем штанд чини милион долари, па така големите компании кои беа на CES 2025, како што на пример се LG и Samsung, не штедеа пари за да го прикажат сето она на што работат во моментот пред огромната публика која го посетува настанот.

Стартапите исто така добија шанса за да ги претстават свои иновации, во делот на конференцијата наречен Eureka Park. Успеавме да забележиме само неколку компании кои доаѓаат од нашиот регион, а еден од нив беше и романскиот ВИ стартап .lumen, за кој имаме посебна сторија, како дел од севкупното CES 2025 искуство. 

“Доколку не сте присутни тука, реално не сте присустни никаде,“ вака ни одговори еден од изложувачите, запрашан околу мотивацијата да се биде на настанот. А ова несомнено беше и мотото на илјадниците останати изложувачи, од кои огромен дел доаѓаа и од најголемиете азиски земји, односно Кина, Јапонија и Јужна Кореја. 

Европскиот сегмент во голема мера беше преставуван од Франција и Холандија како лидери во иновациите кај стартапите, додека пак Централна и источна Европа (ЦИЕ) имаше многу поскромна улога. 

Сепак, од разговорите кои ги имавме со дел од изложувачите од Европа, впечатокот е дека присуствотото и интересот кај европските компании на американскиот пазар расте од година во година и се очекува уште поголем број на компании и стартапи да бидат дел од овој настан догодина. 

Она што останува како лекција од овогодинешниот CES е дека иднината се случува и живее сега, и дека технологијата е најголемиот прозорец кој ни овозможува поглед во оваа иднина.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk