iMenu е стартап од Риека кој сака да го замени класичното мени со таблет компјутер. Идејата им се допадна и на властите во Хрватска, па Министерството за туризам го награди проектот со 30.000 куни, јавува Netokracija.
Апликацијата ќе овозможи секое јадење не само да биде претставено со фотографија, туку и со кусо видео. Покрај ова апликацијата ќе има и огласи, а интересна опција ќе биде и забавната зона и локалните информации. Голема предност на апликацијата ќе биде можноста за мени на 12 јазици, а најавена и автоматска конверзија на цените помеѓу различни валути.
„Малите пластифицирани и неугледни менија, со лош дизајн и најчесто без слики се денес присутни во сите просечни ресторани. Незнаење на странски јазик или неволност и немотивиран персонал, предолго чекање за храна или носење на погрешна храна, сите овие проблеми се решаваат си електронското мени. Можност за човечка грешка е сведена на минумум.“, вели Бошко Кнежевиќ, директор на стартапот.
Нарачувањето на храна со допир на таблет, наместо довикувањето и мавтањето по келнерите е добредојдена новина, видеата и фотографиите во храната се одличен додадок, а интересно изгледа и можноста за промоција на локалните бизниси со огласите. Бенефит од ваква апликација би имале и угостителските објекти во Македонија, кои би можеле да ги искористат предностите од дигиталното мени.








Кај нас два ресторанта во Ск во Дебар маало уште пред две години ги заменија менита со таблети , ама ете поинтересно е копи паст од странство на новости да правиш.Нели странците се секат понапред.
Кои се тие ресторани?
Многу локали низ Љубљана ги заменаа менијата со e-ink таблети пред пола година: https://twitter.com/dimitar_/status/3364913013379… :)